`
Header image
English language | · мапа на сајтот · |  


НОВОСТИ
01.05.2012 Избегнат судар на возови
MZ 712-105/106Благодарение на присебноста на двата машиновозачи на товарен и патнички воз избегната железничка несреќа на станицата Романовци.
Истрагата е во тек од страна на надлежните од МЖ - Инфраструктура.
.
10.04.2012 Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10
Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10 Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“ денеска во Скопје потпишаа договор за реализација на проектот „Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“. ...
повеќе од: Сител ТВ
30.03.2012 Вагонот од ерата на холокаустот пристигна во Лонг Бич
Пристигна вагонот во Музејот на толеранција и холокауст во Аризона ... Вагонот патувал 11 000 милји од Македонија каде што ке се упати кон музејот на Холокаустот и толеранцијата кој се наоѓа во Чендлер, Аризона. Вагонот ќе биде централен дел од музејот каде што ке промовира прифаќање, општествена акција и почит кон холокаустот користејки ги нејзините лекции. ...
повеќе од: Mercury News
27.03.2012 Од 01-04-2012 на релација Прилеп-Битола-Прилеп ќе сообраќа локален воз
Прилеп - Битола - Прилеп, возен ред
Прилеп - Битола воз 2041   Битола - Прилеп воз 2042
  пристигање поаѓање   пристигање поаѓање
Прилеп - 06:40 Битола - 17:03
Галичани 06:47 06:47 Даме Груев 17:18 17:18
Бакарно Гумно 06:53 06:53 Лознани 17:23 17:23
Тројкрсти 06:58 06:58 Новоселани 17:26 17:26
Новоселани 07:02 07:02 Тројкрсти 17:30 17:30
Лознани 07:06 07:06 Бакарно Гумно 17:35 17:35
Даме Груев 07:19 07:19 Галичани 17:42 17:42
Битола 07:28 - Прилеп 17:48 -
26.03.2012 Пуштена во сообраќај деловната гарнитура Хераклеја
Обновена дизел моторна гарнитура - Хераклеја Деловниот воз Пелагонија – Експрес, на релација Скопје – Битола - Скопје од денеска сообраќа со осовремената дизел моторна гарнитура „Хераклеа“ која тргна од Скопје во 17:10 часот.
Од Битола истата ќе тргне во 5:30 часот наутро.

25.03.2012 Државата ќе го штити монополот на Железница до влезот во ЕУ
Јанакиевски 03-2012 ... - Македонија не е подготвена за втор оператор. Треба да се инвестира во инфраструктурата и во нови вагони за што веќе има постапка во тек, па потоа да се овозможи либерализацијата која патем ќе биде откако Македонија ќе влезе во ЕУ. Таква одредба ставивме во законот за железнички систем кој помина на владина процедура во петокот, изјави Миле Јанакиески Министер за транспорт. ...
повеќе од: Канал 5 ТВ
12.03.2012 Осовременување на една моторна гарнитура
MZ 712-105/106

Со ремонт и потполно осовременување на една моторна гарнитура од серијата 712 попозната кaкo „Шпанец“, МЖ Транспорт АД - Скопје постепено го обновува и осовременува својот возен парк.

12.03.2012 Железницата поскапува за 50%
Поскапување Железничкиот патнички превоз во земјава неделава поскапува за 50%. Првиот човек на Македонски железници - Транспорт, Оливер Дерковски вели дека поскапувањето е прво од 95-та година и според него новата цена се должи на значително покачените цени на нафтата и струјата изминатите години.
Истовремено Дерковски најавува модернизацијата на железницата со нови возови за кои тендерот треба да биде објавен до крајот на годината. Тој уверува дека состојбата во железничкиот сообраќај драстично ќе се подобри во следниот период. ...

повеќе од: Вечер
08.03.2012 Префрлени средствата за исплата
Македонски железници

Утрово од Министерството за финансии се префрлени средствата за исплата на плата на вработените во Македонски железници.

07.03.2012 Прекин во железничкиот сообраќај
Можен штрајк во МЖ Инфраструктура Прекин во железничкиот сообраќај доколку до утре не им биде исплатена јануарската плата на вработените во МЖ Инфраструктура, се заканија синдикатите.
Велат дека се револтирани поради намалувањето на платите за 20% и поради тоа незадоволството кај вработените е уште поголемо, па може да доведе до загрозување на безбедноста во железничкиот сообраќај. ...

повеќе од: Сител ТВ
06.03.2012 Поскапува возниот билет за 50 отсто
Повторно во сообраќај возовите кон Кичево и БитолаЦените на билетите во патничкиот железнички сообраќај во земјава од идниот вторник се зголемуваат во просек за околу 50 отсто, одлучи Управниот одбор на „Македонски железници - Транспорт“
извор: МЖ Транспорт
02.03.2012 На Македонија и требаат нови возови и патнички вагони
Интервју со Деркоски Дали ќе се смени лошата слика за Македонски железници?! Стари вагони, незагреани, небезбедни и валкани. Кога патниците ќе се почувствуваат европски и достоинствено во македонските возови?!
Гостин во вестите на Канал 5 беше генералниот директор на „Македонски железници“ – Транспорт Оливер Деркоски.
превземено од: Канал 5 ТВ
01.03.2012 Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Oштетување на елементи од бравата на свртницатаПатнички воз кој сообраќал на релација Скопје - Кичево вчера околу 9 часот излетал од шините, на околу 500 метри пред станицата во Тетово. Нема повредени патници, кои се наоѓале во двата вагона. По извесно време, возот повторно бил вратен на шините, а попладнето во 17 часот случајот е пријавен во СВР Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
При полицискиот увид утврдено е оштетување на елементи од бравата на свртницата, кое најверојатно го причинило излетувањето и кое соодветно ќе се вештачи.
- Вкупната материјална штета причинета со излетувањето на возот се проценува на околу милион денари. Се преземаат активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај, изјави Јосифовски.
извор: Утрински весник
возен ред
 

ВОЗЕН РЕД 2012 во pdf формат
цена на билетицена на билети

видео вести
 
Development of rail 2011-2015
развој на железница 2011-2015
 
MK-Train
 
eco
понудаciti star - понуда


 

 
Владимир © 2008