`
Header image MACEDONIAN RAILWAYS
English language | · мапа на сајтот · |  


НОВОСТИ

07.07.2015 МЖ Транспорт со нови возови од август
Vlado Misajlovski

Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници Транспорт“ ад Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ. Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. ...

повеќе од: Влада на РМ

13.05.2015 Владо Мисајловски, нов министер за транспорт и врски
Vlado Misajlovski

Собранието на Република Македонија денеска ја одржа 50-та седница на која на дневен ред е Предлогот за избор на нови членови на Владата.
Премиерот Никола Груевски до законодавниот дом достави предлог нови министри за транспорт и врски да биде Владо Мисајловски.

.

09.04.2015 СВЕЧАНО ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧАРИТЕ
den na zeleznicarite

Железничарите во МЖ Транспорт АД - Скопје
свечено го одбележаа својот ден - 9 Април.

.

03.03.2015 НОВИ ТОВАРНИ ВАГОНИ ОД СЕРИЈА Sggrss и Еass-Z-(К)
Sggrss & Еass-Z-(К)

Возниот парк на Македонски железници - Транспорт АД- Скопје е збогатен за нови 107 товарни вагони кои денеска беа промовирани. До крајот на месецот се очекува да бидат испорачани и останатите 43 вагони од словачката „ЖОС Трнава“ со што ќе се заокружи набавката на 150 вагони. Инвестиција вредна 13,2 милиони евра..

.

13.02.2015 Нов генерален директор на МЖ Транспорт АД - Скопје.
Nikola Krstevski

Со прифаќање на управниот и надзорниот орган на јавното претпријатие Никола Костов е новиот генерален директор на „МЖ Транспорт“ АД – Скопје.

.

30.01.2015 Почеток на обнова на делницата Битола - Кременица.
Nikola Krstevski

MЖ Инфраструктура.

.

03.01.2015 Привремно запрени возовите од Скопје кон Битола и Кичево
Janakieski Stavrevski

Поради лошите временски услови и ниските температури од саботата привремено ќе бидат укинати возовите со број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје - Кичево-Скопје.

видео: МРТ

05.12.2014 КОРИДОР 8, ВТОРА ФАЗА
Janakieski Stavrevski

Европската банка за обнова и развој (EBRD) вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го потпишаа договорот за финансирање и изградба на втората фаза на железничкиот Коридор 8, која ја опфаќа трасата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри.

повеќе од: Министерство за транспорт и врски

26-27.11.2014 Регионална конференција
koridori

Развојот на Евро - Балканските железнички коридори е значаен фактор за унапредување на соработката меѓу земјите од Балканот.

Ова беше истакнато од учесниците на првата Регионалната Конференција во железничкиот сектор која се одржува во Охрид на кој присуствуваа директорите на железничките компании од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Косово.

.

27.11.2014 ПРЕКИН НА ЖЕЛЕЗНИЦAТА КОН ГРЦИЈА
ХЕЛАС

Денеска патничкиот железнички сообраќај на релацијата Гевгелија – Солун – Гевгелија ќе биде во прекин поради најавениот штрајк на членовите на Грчката федерација на железничари.

.

12.11.2014 ЕБОР И МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
ЕБОР

Европската банка за обнова и развој и одобри на Република Македонија средства во износ од 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, делот од Бељаковце до Крива Паланка.

.

07.11.2014 МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
Меморандум МЖ HSH

Денеска е потпишан меморандум за соработка помеѓу македонските и албанските железници.

МЖ Инфраструктура и Албански железници заеднички ќе настапат пред меѓународните фондови за обезбедување средства за пругата Кичево-Лин од коридорот 8

.

05.11.2014 НОВИ ТОВАРНИ Еass-Z-(К) ВАГОНИ
Eass-Z-(K)

Пристигна првата пратка од 13 товарни вагони од серијата Eass-Z-(K) што за „МЖ Транспорт“ ги произведе словачката компанија „ЖОС Трнава

Останатите 150 треба да пристигнат во првата половина на јануари следната година.

видео: ТВ Сител

11.11.2014 РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 10 ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ
Janakievski

Започнa реализацијата на проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д во Македонија, согласно најдобрите практити во Европската Унија...

...Со проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција ќе бидат опфатени 10 железнички станици и тоа: Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино – Вардар...

повеќе од: Министерство за транспорт и врски

11.10.2014 НАСКОРО КЛУБ НА ЉУБИТЕЛИ НА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА
КЛУБ НА ЉУБИТЕЛИ НА ЖЕЛЕЗНИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

На 30 септември годинава се состана Инцијативниот одбор за формирање на Здружение на граѓани – Клуб на љубители на железниците во Македонија.

Иницијативниот одбор подготви Иницијатива за формирање на Клубот, наложи изготвување на предлог на Статут на истиот, односно иницијатива за свикување на оснивачко собрание кое треба да се одржи на 17 ноември годинава – ден кога се одбележува 70-годишнината од формирањето на Македонските државни железници – МДЖ.

.

10.10.2014 Потпишан е договор за доизградба на Коридорот 8
Коридор 8

Потпишан е договор со конзорциум од шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“ за изведбениот проект и дизајн за изградба на пругата Кичево – Лин, граница со Албанија, дел од Коридорот 8

За изградбата на пругата Кичево – Лин, во должина од околу 60 километри, според првичните проценки на надлежните институции, се потребни околу 450 милиони евра.

.

17.07.2014 Бсплатно на Пивофест во Прилеп
Pivofest - Prilep

Сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со возовите на Македонски Железници со бесплатен билет.
На благајната се покажува лична карта и со тоа се добива гратис билет.

повеќе за: Фестивал на пивото

25.06.2014 Владата донесе нови мерки од интерес на граѓаните
Влада Груевски

Со оваа владина одлука се обезбедува:

-бесплатен превоз во железничкиот сообраќај за пензионери, и тоа секој втор викенд во месецот, значи еден викенд месечно;
-попуст од 50% на картата за железнички превоз за учениците и студентите;
- и целосно бесплатно патување, секој четврток за студентите.

.

24.06.2014 Нови патнички гарнитури
Скопје

Во Министерството за Транспорт и врски денес беше потпишан договор за набавка на дизел-моторни гарнитури (ДМГ) и електро-моторни гарнитури (ЕМГ) за превоз на патници во рамките на проектот за обнова на возниот парк на „МЖ Транспорт“ АД – Скопје.

10.06.2014 Почна со реновирање на железничката станица Скопје
Скопје

Почна првата обнова на железничката станица Скопје по нејзината изградба во 1981 година

Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица.

.

10.05.2014 Повторно воз Белград Скопје Солун
Hellas Express

После прекинот од три години повторно е воспоставена железничката врска помеѓу Белград - Скопје - Солун и обратно со враќање на меѓународниот возот Хелас експрес D 334 / 335.

.

15.04.2014 Објавен тендер за пругата Битола - Кременица
Koridor 10dЕвропската унија го објави тендерот за реконструкција на пругата Битола - Кременица.

Станува збор за инвестиција од 20 милиони евра, која опфаќа обнова на делот од пругата на коридор Xd кон Грција.

повеќе за тендерот

10.04.2014 Со воз од Скопје до Солун од 10 мај 2014
Train to Thessaloniki Со еден пар возови секој ден на релацијата Скопје - Солун - Скопје, во периодот од 10 мај до 10 јуни, попуст од 30% во споредба со редовната цена на возните карти.

Цената на повратен билет ќе изнесува 19,6 евра.

.
09.04.2014 9-ти април - Ден на железничарите во Македонија.
141 години Македонски железници
1873 - 2014
.

02.03.2014 Реконструкција на Коридор 8, делница Куманово-Бељаковце
Koridor 8 start... Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија...
... Првата фаза од овој проект изнесува околу 46 милиони евра, втората 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА-фондовите на ЕУ. ...

повеќе од: Министерство за транспорт и врски

16.01.2014 Средба Јанакиески-Хан: ЕK ја вклучи Македонија во Балканско-Медитеранскиот макро-проект
Koridor 8... - Главен проект во оваа компонента е делницата Демир Капија-Смоквица во рамки на Коридорот 10.
Она што денеска како позитивна вест го дознавме е дека веќе е одобрена целокупната документација за почеток на избор на градежна компанија за делницата Битола-Кременица со крак кон индустриската зона Жабени. Деновиве очекуваме да го добиеме официјално тој допис и потоа почнуваме со постапка за избор на градежна компанија.
Овој проект е многу значаен за Република Македонија и истиот е во вредност од 21 милион евра. А, ќе имаме и уште една алтернатива за поврзување на Македонија со Грција, но и железничко поврзување за индустриската зона во Жабени, потенцира Јанакиески. ...

повеќе од: Министерство за транспорт и врски
 
возен ред
 

ВОЗЕН РЕД 2015 во pdf формат
цена на билетицена на билети

видео вести
 
Development of rail 2011-2015
развој на железница 2011-2015
 
MK-Train
 
eco
понудаciti star - понуда


 

 
Владимир © 2008