Header image
English language | · тендери · | · прес · | · мапа · |  


НОВОСТИ

27.12.2013 Почеток на ремонтот на пругата на дел од Коридор 10, Ногаевци - Неготино
Коридор 10Вкупната цена на ремонтот на железничката делница во должина од 30.993 метри, изнесува 9.399.755 евра, обезбедени со заем од ЕБОР. Изведувач на работите е бугарската компанија СК - 13 Холдинг АД. По завршување на ремонтот на оваа делница за околу една година, уште 31 километар од Коридорот 10 ќе биде функционален за брзини до 120 кмилометри на час...

Пероните на стојалиштата во Ногаевци, Стоби и Црвени брегови и во станиците Градско, Кукуричани и Криволак ќе бидат реконструирани со вградување на армирано-бетонски елементи. Во станиците Криволак, Кукуричани и Градско ќе бидат заменети вкупно 8 влезни свртници тип S-49-300-6º со нови тип UIC-60-300-6º, поставени на армирано-бетонски преднапрегнати прагови. Ремонт на горниот строј и санација на долниот строј ќе се изврши и на пролазните колосеци во станиците Криволак, Кукуричани и Градско...

.

19.12.2013 Од март почнуваат градежните работи на пругата кон Бугарија
Koridor 8Над 500 милиони евра ќе бидат инвестирани во железничкото поврзување со Бугарија. Во март следната година стартува реконструкцијата на првата делница Куманово Бељаковце во должина од 31 километар. Ќе ја изведува германската Вибе за речиси 40 милиони евра, сума пониска за 5 милиони од претходно предвидените средства.

Реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце опфаќа три станични згради, четири стојалишта, три мостови, тунелска цевка, осум подвозници и шест надвозници. Паралелно работиме и на документацијата за изградбата на втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, но работиме и на комплетирање на железничкиот дел од Коридорот 8 со делницата од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир, изјави по денешното потпишување на договорт, министерот за транспорт и врски МИле Јанакиески.
повеќе од: Министерство за транспорт и врски

18.12.2013 Потпишан договор за набавка на 150 товарни вагони на МЖ Транспорт
Нови 150 товарни вагониМакедонски железници Транспорт АД - Скопје го додели договорот на понудувачот ЖОС Трнава A.С., Словачка, чија што соодветна и прифатлива понуда беше избрана за економски најповолна согласно тендерската документација.

Цената на договорот, коригирана и изменета согласно упатствата до понудувачите изнесува 13.208.750,00 ЕУР, за 150 нови товарни вагони од серијата Sggrss-80 и Eass-Z-(K)

.
12.12.2013 Наскоро нови возови и колективен договор во МЖ Транспорт
Деркоски ... Со инвестиции во износ од 50 милиони евра, обезбедени со кредит од ЕБОР, МЖ Транспорт ќе го обнови возниот парк, со товарни вагони, патнички возови и рехабилитација на локомотивите. Избраните консултанти веќе ги подготвиле тендерските документации. За една недела ќе се потпише и првиот договор со избраниот добавувач за набавката на 150 товарни вагони. ...

- За набавката на возовите во трка се две компании. Се чека одобрување од Европската банка на евалуацискиот извештај и ако е се во ред ќе следи повик за доставување финансиска понуда, па потпишување договор. Целата процедуира треба да заврши до крајот на февруари следната година. Од моментот на потпишување на договорот ќе поминат 12 до 14 месеци додека дојде првиот воз во Македонија, пократки рокови не можат да се остварат никаде во светот затоа што нема возови на лагер, бидејќи се изработуваат по нарачка, посочува Деркоски. ...

повеќе од: MИА
01.11.2013 Отворена изложбата „140 години железница во Македонија“
140 години Македонски железници По подолг временски период, главниот град повторно е сведок на железничка изложба. Во Музејот на град Скопје вчера вечер беше отворена изложбата со наслов „140 години железница во Македонија – со осврт на железниците во Скопје“. ...

- Отворањето на синоќешната изложба уште еднаш го отвори прашањето за недостигот на Музеј на железницата во главниот град. Скопје е еден од ретките европски главни градови што нема соодветна музејска установа во која би биле изложени музејските експонати. Парните локомотиви и поновите модели на влечени средства се расфрлани низ целата територија на земјата, без постојана железничка поставка во највисока музејска установа за оваа дејност. Покрај несоодветниот третман на парните локомотиви, поголем дел од книжниот материјал и железничките предмети се расфрлани по различни културни установи и помеѓу двете претпријатија за транспорт и инфраструктура. ...

повеќе од: Скопје инфо
30.10.2013 Намалено за еден час времето за превоз со воз долж Коридор 10
Коридор 10 Со завршениот ремонт на делниците Куманово-Табановце и Миравци - Смоквица и отстранувањето на црните точки за еден час е намалено времето за превоз со воз на стока долж коридорот 10. ...

- Од влезот на Македонија до излезот кон Грција, каде претходно просечното времетраење на движење на стоките беше четири часа и 15 минути, со реконструкција само на двете делници кои веќе се завршени, во должина од скоро 27 километри, времето на движење на возовите за превозот на стока се скратува за час, изјави Јанакиески. ...

повеќе од: Министерство за транспорт и врски
04.10.2013 Пруга Куманово - Бељаковци
Отворени понудиШест странски компании и два конзорциуми доставија понуди на тендерот што го распиша Македонски железници - Инфраструктура за избор на најповолен изведувач за реконструкција на делницата од Коридорот 8 помеѓу Куманово и Бељаковци во должина од 30 километри.

.
03.10.2013 Реновирана делницата Миравци - Смоквица.
Реновирање на пруга Во Миравци денеска е пуштена во употреба реновираната железничка пруга од делницата Миравци - Смоквица на Коридорот 10 во должина од 12,4 км..

На настанот присуствуваа Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, директорот на инфраструктура Ирфан Асани, директорот на транспорт Оливер Деркоски и други.

повеќе од: Министерство за транспорт и врски
24.09.2013 Состанок на СЕРГ групацијата.
СЕРГ состанок во СкопјеВо Скопје се одржа состaнок на Југоисточна Европска група на железници (SERG - South-East Europe Railways Group) за усогласување на патничкиот сообраќај.

Во специалната група на интернационалната унија на железници - УИЦ (UIC) претставници се: Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Романија, Турција, Србија, Црна Гора и Република Српска.

.
27.08.2013 Набавката на нови гарнитури за превоз на патници во железницата
Пивофест 2012 ПрилепПрес-конференција на Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски, проект за обнова на возен парк на МЖ Транспорт АД-Скопје..

Набавка на:

• 4 дизел моторни гарнитури и
• 2 електро моторни гарнитури

... Набавката на четири нови патнички гарнитури со дизел погон и две нови гарнитури со електричен погон претставува инвестиција во железницата од 25 милиони евра. Овие патнички гарнитури ќе бидат со вкупен капацитет од околу 1.200 патници (секоја по 200 патници) и истите ќе се користат на најфреквентните линии, и според анализите на „МЖ Транспорт“, со нив ќе се покријат 60% од линиите што директно значи поудобен и поквалитетен превоз за корисниците на железничкиот транспорт. ...
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
повеќе за тендерот од: EBRD'
01.08.2013 Пригодна поштенска кертица
140 години железници во МакедонијаНа патниците кој патуваат со МЖ Транспорт – АД Скопје на 09-08-2013 со утринските возови и оние кој ќе патуваат за Белград, при купување на возен билет ќе им биде поклонета по една пригодна поштенска картичка – „140 години железници во Македонија“.
.
29.07.2013 Реконструкција на железничката делница Битола - Кременица
Bitola - KremenicaЖелезничката делница од Битола до Кременица, на границата со Грција, ќе се реконструира во должина од околу 17 километри.
Тендерската документација е веќе изработена и доставена до службите на Делегацијата на Европската унија на одобрување. ...
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
18.07.2013 Oбнова на возен парк
Пивофест 2012 ПрилепПрес-конференција на Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на МЖ Транспорт Оливер Деркоски, проект за обнова на возен парк на МЖ Транспорт АД-Скопје..

Набавка на:

• 75 нови зглобни интермодални вагони од серија Sggrss-80 и
• 75 нови плато вагони од серија Eass-Z-(K)
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
11.07.2013 Вонредни возови - Пивофест 2013
Пивофест 2012 ПрилепПо повод „Фестивалот на пивото 2013“, Македонска Железница Транспорт АД – Скопје воведува во сообраќај еден пар на посебни возови на релацијата:
Скопје – Велес – Прилеп во деновите 20 (сабота) и 21 (недела) 07.2013 година.
Време на тргнување: Скопје 11:00, Велес 11:44 часот. Пристигање во Прилеп во 13:15 часот.
Повраток од Прилеп во деновите 21 (недела) и 22 (понеделник) 07.2013 година во 01:18 часот. Пристигање во Скопје во 03:38 часот.
.
10.07.2013 За две години почеток на изградбата на пругата Бељаковце - Крива Паланка
Janakievski За две години треба да започне изградбата на железничката пруга од Бељаковце до Крива Паланка долга 36 километри, која е дел од Коридорот 8. Договорот за изработка на главниот проект за оваа делница е потпишан денеска со германската консултантска компанија Обермаер од Минхен.
Со потпишувањето на договорот се предвидува во рок од 18 месеци да се изготват сите потребни проекти, а потоа во рок од 6 месеци да се избере и градежната компанија која ќе ја гради оваа делница. За целокупната проектна документација е обезбеден грант од ЕБОР во висина од 2,4 милиони евра. ....
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
08.07.2013 “КАРГО 10” пред формирање, Македонија сака да учествува
Деркоски Оливер Македонија подготвена за учество во проектот карго 10. Директорот Дерковски смета дека на овој начин драстично ќе се зголеми интересот за транспорт на стока преку домашната железница.
Ќе се користи старата инфраструкура само што ќе мора да се забрзат царинските процедури. ...

повеќе од: Сител ТВ
06.07.2013 Министерот Миле Јанакиески одговара на некој горливи прашања
Janakievski - До каде се најавените подобрувања на железничкиот систем?
- Kога ќе почне изградбата на долгонајавуваната пруга кон Бугарија?
- Што ќе се работи на оваа делница?
- Kога ќе се заврши делот до бугарската граница?
- Што е со пругата кон Албанија, исто дел од Kоридорот 8?
- Најавивте реконструкција и на повеќе железнички станици во земјава, вклучително и таа во Скопје?
- Kои други станици по Kоридорот 10 ќе се обноват?
- Ќе има ли нови локомотиви и вагони во возниот парк на железницата?
- Kога ќе завршат овие проекти? ...
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
04.07.2013 По 33 години реконструкција на Железничката станица во Скопје
Обнова на железничката станица во СкопјеЖелезничката станица во Скопје до 2015 година треба да биде целосно реконструирана. Постапката за рехабилитацијата и надградбата почна денеска со објава на тендер за избор на градежна компанија.
- Проектот го реализираме со помош на ЕУ, со финансии во износ 2,5 милиони евра, од кои 85 проценти се од ИПА фондовите, а 15 проценти од домашно финансирање. Реконструкцијата се случува по цели 33 години, односно од изградбата на Железничката во 80-тите години, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. ...
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
22.06.2013 Банкротира австриската градежна фирма "Алпине бау"
поплаваГрадежната фирма "Алпине бау" што ги гради двете делници од железничкиот Коридор 10 во Македонија банкротира.
Крајниот рок за реконструкција на железничките делници Табановце - Куманово и Миравци - Смоквица требаше да биде во ноември годинава.
.
09.04.2013 140 години Македонски железници
140 години Македонски железници
Првиот воз во Велес 09-04-1873 година
.
01.04.2013 Најaва за реновирање на 10 железнички станици во државата
поплаваМинистерот за трaнспорт и врски Миле Јанакиески денеска најави до крајот на годинава или најдоцна на почетокот на следната целосно реновирање на 10 руинирани железнички станици во Македонија. Освен Железничката станица во Велес ќе се реновираат и железничките постојки изградени пред повеќе од 50 години и тоа во Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско и Неготино.
.
25.02.2013 КОНСУЛТАНСКИ УСЛУГИ – БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
ЕБРДКонсултански услуги за помош при набавка и спроведување на Проектот Ова известување се однесува на Генералното известување за набавки (ГПН) за овој Проект, 6691-GPN-43997 кое е објавено на интернет страната од Банката на 1 Јуни 2012 г.
повеќе:
25.02.2013 Oштетena пругата кај Смоквица од надојдената вода на Вардар
поплаваOд поројниот дожд и надојдените води дојде до поместувања на железничката пруга во Смоквица, поради што во прекин е сообраќајот од Гевгелија кон Скопје. Така, утринава возот за Скопје воопшто не тргна.
Утринава започна санирањето на железничката пруга и се очекува во попладневните часови нормализирање на железничкиот сообраќај.
.
22.02.2013 Изградбата на железничка постројка во близина на Ратае
Ново стојалистеПо барање на Општина Јегуновце и месните заедници од Ратае и Жилче, ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје со сопствена механизација и градежна екипа отпочна со изградба на нова железничка постројка во близина на населеното место Ратае.
.
возен ред
 

 
MK-Train
 
eco

 
Владимир © 2008