Header image
English language | · тендери · | · прес · | · мапа · |  


НОВОСТИ
31.12.2012
Среќна Нова Година

НЕКА НИ Е СРЕЌНО И БЕРИЌЕТНО ЛЕТОТО ГОСПОДОВО 2013
зголеми
27.12.2012 Видео надзорот за дел од пруите
Сигурносни камераДолж коридорот 10 инсталирани се 140 камери од каде ќе се врши 24 часовен мониторинг на пругите и железничките станици.
Покриени се 67 објекти од кои 23 железнички станици 23 објекти каде се сместени ТК уредите и 11 објекти со уреди од контактната мрежа, изјави Ирфан Асани директор на МЖ Инфраструктура.
МЖ Инфраструктура
22.12.2012 Пуштена во сообраќај деловната гарнитура Скопје
Обновена дизел моторна гарнитура - Скопје Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска заедно со директорите на МЖ „Транспорт“, Оливер Деркоски и на МЖ „Инфраструктура“, Ирфан Асани, ги користеа услугите на новата целосно репарирана дизел моторна гарнитура која сообраќа од Скопје до Битола.
кликни на сликата за поголм формат
07.12.2012 Дневни електронски тендери
Tenders Electronic DailyПодготовка на детално планирање и тендерска документација за изградба на нова железнички дел Кичево - граница со Република Албанија, како дел од Коридорот VIII и тендерска документација за надзор на градежните работи.
повеќе: TED online version of the 'Supplement to the Official Journal of the European Union'
10.11.2012 Стартува ремонтот на пругата на коридор 10
Обнова на коридор 10Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе присуствува на означувањето на почеток на градежните работи за рехабилитација и модернизација на железничката пруга долж Коридорот 10 во Република Македонија.
Настанот ќе се одржи во 13.30 часот, на железничката станица во Куманово.
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
26.09.2012 Привремен прекин во работата на железничкиот сообраќај
Скопје - Солун - Скопје сезонси возПоради штрајк на грчките железници, од вечерва на полноќ (26.09.2012, 00:00h), железничкиот сообраќај од и кон Грција ќе биде во прекин. Штрајкот е најавено дека ќе трае 24 часа.
Царинска управа на РМ
25.09.2012 Транспорт и логистика 2012
Саем на транспорт и логистика 2012, МЖ Транспорт АД Скопје2. Меѓународен саем на транспорт, логистика, инфраструктура и телекомуникации.
Свеченото отворање на саемот ќе биде во среда на 26. 09 .201 2 година во 11,00 часот во Метрополис арена. Времетраење: 26.09.2012 - 29.09.2012 од 10,00 - 18,00 часот.
Презентација на тема „Македонски железници - Транспорт АД Скопје“ на 28,09-2012 од 11:00-12:00, Панел сала, Метрополис арена.
Презентер м-р Кире Диманоски, директор на маркетинг, Македонски железници - Транспорт АД Скопје.
05.09.2012 Бесплатен превоз за „8-ми Септември“
MakedonijaМакедонски железници Транспорт АД – Скопје, по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија и пројавениот интерес за присуство на централната прослава во Скопје, за 8 и 9 септември го прилагоди возниот ред во патничкиот сообраќај за потребите на патниците кои тој ден сакаат да бидат присутни на централната манифестација. За патниците кои на 8 септември ќе патуваат кон Скопје, односно на 9 септември по полноќ ќе се враќаат кон своите одредишта, со долу наведените возови, превозот ќе биде бесплатен. ...
повеќе од: МЖ Транспорт
23.08.2012 Последен воз Скопје - Солун - Скопје
Пивофест 2012 ПрилепПоследен воз од
Скопје за Солун ќе сообраќа на 24 август 2012 и од Солун за Скопје на 25 август 2012
.
21.08.2012 Договор со ЕБОР за пругата кон Бугаријa
Stavrevski EBRD ... Затоа ЕБОР обезбеди 46,4 милиони евра за ревитализација на 30-те километри од пругата од Куманово до Бељаковце, порача Сју Барет директор за транспорт во банката. ...
повеќе од: MTV ТВ
06.08.2012 Загуба од 800 илјади евра бележат Македонските железници
Деркоски Оливер Загуба од 800 илјади евра бележат Македонските железници поради прекинот на товарниот сообраќај со Грција.
Линијата која беше прекината на 20 Јули годинава, предизвика само железниците да губат по околу 60 илјади евра дневно..

повеќе од: Сител ТВ
27.07.2012 Повторно прекин на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција
Скопје - Солун - Скопје сезонси возСакаме да ја информираме јавноста и корисниците на услугите на Македонски Железници Транспорт АД – Скопје дека изминатите 7 дена има прекин на меѓународниот железнички сообраќај по должина на Коридорот 10 на територијата на Република Грција заради вонреден настан.
Прекинот на сообраќајот трае веќе 7 дена, заради расчистување на теренот и санирање на пругата кај месноста Поликастро (Р. Грција). Македонски железници Транспорт АД – Скопје се уште немаат информација кога сообраќајот ќе биде воспоставен, а истовремено на Грчките железници им e понудена помош за расчистување на ситуацијата.
За тоа време загубите, односно штетите кои ги трпи нашата компанија и македонското стопанство се големи. Се надеваме дека во најбрз можен рок Грчките Железници ќе ги отстранат пречките за да може сообраќајот да се нормализира.
МЖ Транспорт АД – Скопје
20.07.2012 Ставрески: Пругата кон Бугарија станува реалност
Коридор 8 Република Македонија ја затвори финансиската конструкција за рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 кон Бугарија. Средствата во износ од 46,4 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој, по исклучително поволни услови. ...

повеќе од: Влада на Р. Македонија
13.07.2012 Сезонски воз Скопје - Солун - Скопје
Скопје - Солун - Скопје сезонси возМЖ Транспорт АД – Скопје и Грчките железници се договирија од 14 јули годинава (сабота) да воведат сезонски воз на релацијата Скопје – Солун – Скопје.
Возот ќе сообраќа секој викенд, почнувајќи од 14 јули, со тоа што од Скопје ќе тргнува секоја сабота во 05.05 наутро, од Велес во 06.01, Неготино 06.46, Гевгелија – 07.34, а во Солун ќе пристигнува во 10.24 часот (по грчко време)
Сезонскиот воз од Солун ќе тргнува секоја недела во 20.11 часот (грчко време). во Гевгелија тргнувањето е планирано за 20.40, Неготино – 21.46, Велес – 22.25 часот, а возот во Скопје ќе пристигнува во 23.11 часот.
Цената на чинење на возниот билет на релација Скопје – Солун, односно Солун - Скопје за втора класа ќе изнесува 756,00 денари, а повратниот Скопје – Солун – Скопје и обратно ќе чини 1238,00 денари.
Сезонскиот воз ќе сообраќа до 30 септември 2012 година.
.
09.07.2012 Почнува реконструкција на железничката инфраструктура од Коридорот 10
Почнува реконструкција на железничката инфраструктура од Коридорот 10 Владата денеска го најави официјалниот почеток на реконструкцијата на железничката инфраструктура од Коридорот 10, со подготовка на проектни студии и проектната документација за железничките делници Куманово-Дељадровце, Драчево-Велес и Битола-Кременица.
Проектот во износ од 1,4 милиони евра се финансира со 1,24 милиони евра од ИПА компонентата за регионален развој и 200 илјади евра средства од Буџетот на Република Македонија. ...

повеќе од: Влада на Р. Македонија
08.07.2012 Јанакиески: Изградбата на железничкиот Коридор 8 започнува на пролет
Јанакиески: Изградбата на железничкиот Коридор 8 започнува на пролет Согласно планираната динамика изградбата на железничкиот Коридор 8, на патниот правец Куманово - Бељаковце, треба да започне во февруари или март следната година, изјави на денешната пресконференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. ...
повеќе од: Министерство за транспорт и врски
2012 Проект за обнова на возниот парк на Македонски железници
EBRD ... - Обезбедување до четири нови троделни дизел патнички гарнитури (DMUs)
- Обезбедување до две нови троделни електрични патнички гарнитури (EMUs)
- Обезбедување до 150 нови товарни вагони
- Рехабилитација на три електрични локомотиви
- Поврзани консултантски услуги. ...

повеќе од: ЕБРД
04.07.2012 Пивофест 2012
Пивофест 2012 ПрилепПо повод „Фестивалот на пивото 2012“, Македонска Железница Транспорт АД – Скопје воведува во сообраќај еден пар на посебни возови на релацијата Скопје – Велес – Прилеп и обратно во деновите 14 (сабота) и 15 (недела) 07.2012 година.
Време на тргнување: Скопје 11:01, Велес 11:42 часот. Пристигање во Прилеп во 13:00 часот. Повраток од Прилеп во 01:30 часот
.
17.06.2012 Интервју со првиот човек на Македонски железници инфраструктура Ирфан Асани
Asani-06-2012 Во тек се неколку проекти за подобрување на квалитетот на железничката инфраструктура во земјава. Надградба на железничката станица во Скопје, реконтрукција на железничките станици на коридорот 10, изградба на нова пруга од Кичево до Лин-Aлбанија. ...
повеќе од: Сител ТВ
14.06.2012 Безжичен интернет на Железничката станица во Скопје
Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10 ... Бесплатен интернет ќе биде достапен во секој момент во патничкиот дел и на пероните на железничка станица Скопје.
Имплементацијата на WI-FI проектот кој Македонски Железници Инфраструктура почна да го реализира се со цел да се обезбеди безжичен интернет како во Скопје така и на поголемите железнички станици во Македонија ...

повеќе од: МЖИ
12.05.2012 На снимање на филмот „До балчак“
MZ 712-105/106Делегација од МЖ Транспорт со директорот Оливер Деркоски денеска присуствуваше на дел од снимањето со легендарниот воз „Ориент експрес“ направен за потребите на филмот „До балчак“ на режисерот Столе Попов.
.
01.05.2012 Избегнат судар на возови
MZ 712-105/106Благодарение на присебноста на двата машиновозачи на товарен и патнички воз избегната железничка несреќа на станицата Романовци.
Истрагата е во тек од страна на надлежните од МЖ - Инфраструктура.
.
10.04.2012 Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10
Потпишан договор за ревитализација на пруги од Коридорот 10 Јавното претпријатие Македонски железници - Инфраструктура и германскиот конзорциум „Wiebe & Alpine“ денеска во Скопје потпишаа договор за реализација на проектот „Ремонт на пругите Табановце - Карпош - Куманово“ и „Миравци - Смоквица“. ...
повеќе од: Сител ТВ
30.03.2012 Вагонот од ерата на холокаустот пристигна во Лонг Бич
Пристигна вагонот во Музејот на толеранција и холокауст во Аризона ... Вагонот патувал 11 000 милји од Македонија каде што ке се упати кон музејот на Холокаустот и толеранцијата кој се наоѓа во Чендлер, Аризона. Вагонот ќе биде централен дел од музејот каде што ке промовира прифаќање, општествена акција и почит кон холокаустот користејки ги нејзините лекции. ...
повеќе од: Mercury News
27.03.2012 Од 01-04-2012 на релација Прилеп-Битола-Прилеп ќе сообраќа локален воз
Прилеп - Битола - Прилеп, возен ред
Прилеп - Битола воз 2041   Битола - Прилеп воз 2042
  пристигање поаѓање   пристигање поаѓање
Прилеп - 06:40 Битола - 17:03
Галичани 06:47 06:47 Даме Груев 17:18 17:18
Бакарно Гумно 06:53 06:53 Лознани 17:23 17:23
Тројкрсти 06:58 06:58 Новоселани 17:26 17:26
Новоселани 07:02 07:02 Тројкрсти 17:30 17:30
Лознани 07:06 07:06 Бакарно Гумно 17:35 17:35
Даме Груев 07:19 07:19 Галичани 17:42 17:42
Битола 07:28 - Прилеп 17:48 -
26.03.2012 Пуштена во сообраќај деловната гарнитура Хераклеја
Обновена дизел моторна гарнитура - Хераклеја Деловниот воз Пелагонија – Експрес, на релација Скопје – Битола - Скопје од денеска сообраќа со осовремената дизел моторна гарнитура „Хераклеа“ која тргна од Скопје во 17:10 часот.
Од Битола истата ќе тргне во 5:30 часот наутро.

25.03.2012 Државата ќе го штити монополот на Железница до влезот во ЕУ
Јанакиевски 03-2012 ... - Македонија не е подготвена за втор оператор. Треба да се инвестира во инфраструктурата и во нови вагони за што веќе има постапка во тек, па потоа да се овозможи либерализацијата која патем ќе биде откако Македонија ќе влезе во ЕУ. Таква одредба ставивме во законот за железнички систем кој помина на владина процедура во петокот, изјави Миле Јанакиески Министер за транспорт. ...
повеќе од: Канал 5 ТВ
12.03.2012 Осовременување на една моторна гарнитура
MZ 712-105/106

Со ремонт и потполно осовременување на една моторна гарнитура од серијата 712 попозната кaкo „Шпанец“, МЖ Транспорт АД - Скопје постепено го обновува и осовременува својот возен парк.

12.03.2012 Железницата поскапува за 50%
Поскапување Железничкиот патнички превоз во земјава неделава поскапува за 50%. Првиот човек на Македонски железници - Транспорт, Оливер Дерковски вели дека поскапувањето е прво од 95-та година и според него новата цена се должи на значително покачените цени на нафтата и струјата изминатите години.
Истовремено Дерковски најавува модернизацијата на железницата со нови возови за кои тендерот треба да биде објавен до крајот на годината. Тој уверува дека состојбата во железничкиот сообраќај драстично ќе се подобри во следниот период. ...

повеќе од: Вечер
08.03.2012 Префрлени средствата за исплата
Македонски железници

Утрово од Министерството за финансии се префрлени средствата за исплата на плата на вработените во Македонски железници.

07.03.2012 Прекин во железничкиот сообраќај
Можен штрајк во МЖ Инфраструктура Прекин во железничкиот сообраќај доколку до утре не им биде исплатена јануарската плата на вработените во МЖ Инфраструктура, се заканија синдикатите.
Велат дека се револтирани поради намалувањето на платите за 20% и поради тоа незадоволството кај вработените е уште поголемо, па може да доведе до загрозување на безбедноста во железничкиот сообраќај. ...

повеќе од: Сител ТВ
06.03.2012 Поскапува возниот билет за 50 отсто
Повторно во сообраќај возовите кон Кичево и БитолаЦените на билетите во патничкиот железнички сообраќај во земјава од идниот вторник се зголемуваат во просек за околу 50 отсто, одлучи Управниот одбор на „Македонски железници - Транспорт“
извор: МЖ Транспорт
02.03.2012 На Македонија и требаат нови возови и патнички вагони
Интервју со Деркоски Дали ќе се смени лошата слика за Македонски железници?! Стари вагони, незагреани, небезбедни и валкани. Кога патниците ќе се почувствуваат европски и достоинствено во македонските возови?!
Гостин во вестите на Канал 5 беше генералниот директор на „Македонски железници“ – Транспорт Оливер Деркоски.
превземено од: Канал 5 ТВ
01.03.2012 Патнички воз излета пред станицата во Тетово
Oштетување на елементи од бравата на свртницатаПатнички воз кој сообраќал на релација Скопје - Кичево вчера околу 9 часот излетал од шините, на околу 500 метри пред станицата во Тетово. Нема повредени патници, кои се наоѓале во двата вагона. По извесно време, возот повторно бил вратен на шините, а попладнето во 17 часот случајот е пријавен во СВР Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
При полицискиот увид утврдено е оштетување на елементи од бравата на свртницата, кое најверојатно го причинило излетувањето и кое соодветно ќе се вештачи.
- Вкупната материјална штета причинета со излетувањето на возот се проценува на околу милион денари. Се преземаат активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај, изјави Јосифовски.
извор: Утрински весник
29.02.2012 Украден кабел ги запре возовите во Македонија
украден сигурносно-сигнален кабелЖелезничкиот сообраќај низ целата држава беше во неколкучасовен застој. Причина е украден сигурносно-сигнален кабел од системот за телекоманда, заради што сите возови бева стопирани.
По интервенцијата на ЈП Македонски железници - Инфраструктура со поставување на нов кабел железничкиот сообраќај е нормализиран.
.
23.02.2012 Од утре повторно ќе сообраќаат возовите кон Кичево и Битола
Повторно во сообраќај возовите кон Кичево и БитолаСо нормализирање на временските услови МЖ Транспорт АД – Скопје од утре ќе ги врати во редовен сообраќај првремено укинатите возови кон Битола и Кичево.
- Воз i-R 662 кој од Скопје кон Кичево тргнува во 08.05 часот, и во повратен правец од Кичево кон Скопје возот i-R 663 кој тргнува во 12,18 часот.
- Воз i-R X 541 „Пелагонија експрес“ кој од Скопје кон Битола тргнува во 17,10 часот, и возот i-R X 540 од Битола кон Скопје ќе тргне наредниот ден во сабота во 05:30 часот.
извор: МЖ Транспорт
13.02.2012 Времено се укинуваат возови кон Кичево и Битола
Се укинуваат возови кон Кичево и БитолаПоради временските непогоди, обилните врнежи на снег, односно повеќечасовните доцнења на возовите и неможноста на одржување на турнусот на возните средства МЖ Транспорт АД – Скопје не е во можност редовно да го спроведува возниот ред во железничкиот патнички сообраќај.
Од денес времено нема да сообраќаат патничките возови:
- Воз i-R 662 кој од станица Скопје за Кичево тргнува во 8.05 часот, и во повратен правец од Кичево кон Скопје привремено се укинува возот i-R 663 кој од Кичево кон Скопје тргнува во 12,18 часот.
- Воз i-R X 540 „Пелагонија експрес“ кој од Битола кон Скопје тргнува во 5,30 часот, и возот i-R X 541 од Скопје кон Битола во 17,10 часот.
извор: МЖ Транспорт

26.01.2012 Тргна првиот оргинален артефакт за Музејот на толеранција и холокауст во Чандлер, Аризона
Вагон за Музејот на толеранција и холокауст во Чандлер, Аризона

- Денеска откако е побарана помош, од Македонски железници Транспорт АД натоварен е уште еден товарен вагон од времето на транспортот на евреите од Македонија во Втората светска војна за Музејот на толеранција и холокауст во Чандлер, Аризона, Соединети Американски Држави.


Чендлер музејот го добива својот прв голем артефакт
Вагон од Втората светска војна ќе биде пратен во Соединетите Американски Држави да биде главен артефакт во Музејот на холокауст и толеранција, Чендлер. Вагонот доаѓа од Македонија, која што била окупирана од Германија за време на Втората светска војна. Вагонот ќе биде пратен преку Лос Анџелес до Аризона во почетоците на 2012 година. ...

повеќе на: Frontdors
фото
24.01.2012 Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес со позитивно салдо во 2011
Фабрика за шински возила „Колска“ од Велес... Иако имаат прилив и од странскиот пазар за кој работеле, информира Атанасов, најголем дел од приходите се од ЈП Македонски Железници.Позитивно е, потенцира, што „Колска“ и за годинава има склучено договори за работа за цела година главно со Македонски Железници, како стратешки партнер, за обновување на возниот парк. Тој посочува дека е склучен и договор со Косовската Железница вреден 350 илјади евра. ...
повеќе на: МИА
24.01.2012 Бесплатен превоз за 1000 добитници на ракометниот натпревар Македонија - Србија
1000 срца за Македонија - Европското првенство во ракомет во НишНа Македонската телевизија се извлечени среќните 1000 добитници на бесплатен превоз и карта за натпреварот Македонија - Србија кој ќе се одигра утре (25 јануари) од 20 и 15 часот во Белградската арена.
Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на ГП Пелистер.


Навивачката композиција број 15334 „1000 срца за Македонија“ ќе се состои од 13 патнички вагони или приближно ~345 m. должина и тргнува во 06:00 часот од железничката станица во Скопје. Враќањето од Белград е во 23:30 со возот број 15337.
имиња на добитници на МРТ
22.01.2012 Бесплатен превоз за 1000 добитници на ракометниот натпревар Македонија - Полска
1000 срца за Македонија - Европското првенство во ракомет во НишНа Македонската телевизија се извлечени среќните 1000 добитници на бесплатен превоз и карта за натпреварот Македонија - Полска кој ќе се одигра утре (23 јануари) од 16 и 20 часот во Белградската арена.
Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил.


Навивачката композиција број 15334 „1000 срца за Македонија“ ќе се состои од 13 патнички вагони или приближно ~345 m. должина и тргнува во 05:00 часот од железничката станица во Скопје. Враќањето од Белград е во 23:30 со возот број 15337.
имиња на добитници на МРТ
20.01.2012 Специални возови за Европското првенство во ракомет во Белград
Европското првенство во ракомет во НишМакедонски железници Транспорт АД ќе воведе посебни возови на релација Скопје–Белград–Скопје на 21 23 и 25 јануари 2012 год. за Европското првенство во ракомет.
Посебни возови од Скопје за Белград ќе тргнуваат во 6:00 часот наутро сабота, понеделник и среда. Пристигнувањето во Белград е во 15:25 минути, а од Белград ќе се враќаат истите денови во 23:30 минути со пристигнување во Скопје во 07:50 минути изутрината.
Редовните воза од Скопје се во 8:20 минути и 20:10 минути кон Белград со пристигање во 18:00 и 05:45 минути, повраток од Белград за Скопје во 21:50 и 07:50 часот.

Цена за посебните возови на повратен возен билет на релација Скопје–Белград-Скопје изнесува 2.018 денари.

Редовната тарифа на релација Скопје–Белград-Скопје е 1.424 денари, додека повратен билет 2.278 денари.
.
10.01.2012 На Европското првенство во ракомет со воз до Ниш
Како што соопшти МЖ Транспорт АД–Скопје, тргнувањето Европското првенство во ракомет во Нишод Скопје е во 8:20 часот наутро со возот 336, кој во Ниш пристигнува во 13:20 часот. Во обратен правец сообраќа возот 335, кој доаѓа од Белград, а од Ниш поаѓа во 2:50 часот по полноќ, додека во Скопје пристигнувањето е во 7:22 часот.
Од МЖ Транспорт посочуваат дека доколку се појави потреба, постојните гарнитури во возовите 336 и 335 ќе бидат засилени со дополнителни вагони.
Цената на повратен билет Скопје - Ниш - Скопје изнесува 972,- денари.
.
05.01.2012 Мулти модален терминал
Мулти модален терминал Започната реализацијата на проектот „Мулти модален терминал во жел. станица Товарна – Скопје“
По заедничка иницијатива на Царинската управа на РМ и ЈП МЖ Инфраструктура, а со подршка на Министерството за транспорт и врски се покрена иницијатива да железничката станица Товарна – Скопје постана царински терминал за железнички вагони и камиони. Инвестицијата за оспособување на просторот и придружните објекти да можат да бидат во функција на извршување на работата ќе биде со сопствени средства на ЈП МЖ Инфраструктура. ...
повеќе МЖ Инфра
возен ред
 

 
MK-Train
 
eco

 
Владимир © 2008