Header image
English language | · тендери · | · прес · | · мапа · |  


НОВОСТИ
01.01.2012
Среќна Нова Година

НЕКА НИ Е СРЕЌНО И БЕРИЌЕТНО ЛЕТОТО ГОСПОДОВО 2012
зголеми
30.11.2011 Статистика
Државниот завод за статистика Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2011 година, во патниот железнички превоз бројот на превезените патници изнесува 352.000.
Во истиот период, во споредба со третото тримесечје од 2010 година, количеството на превезената стока во железничкиот превоз е намалено за 14.3%.
извор
28.11.2011 Билети за воз за Европа ќе купуваме и од дома
Ticket automat DB „Македонски железници - Транспорт“ сака да ја користи мрежата на Дојче бан, односно Германските железници, за резервација на возни билети за дестинации низ цела Европа и дел од Азија. Билетите за европските метрополи ќе се купуваат и од дома, на интернет-страницата на „Транспорт“, со кредитни или со дебитни картички. За можностите за соработка веќе било разговарано при посетата на претставници на нашата компанија на Германски железници. Дали идејата ќе добие реализација, ќе се знае на почетокот на идната година кога ќе се разгледаат и условите што ги нуди Дојче бан за користењето на нејзината мрежа. ...
... вели директорот Оливер Деркоски.

повеќе од: Утрински весник
22.11.2011 Соработка со Руската Федерација во железничкиот сообраќај
V Anniversary International Forum "Transport of Russia" ... Во рамките на форумот Министерот Јанакиески ќе оствари билатерална средба со Министерот за транспорт на Руската Федерација, г-дин Игор Е. Левитин. На средбата ќе биде потпишана Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Руската Федерација за соработка во областа на железничкиот сообраќај. ...
повеќе од: МТВ
11.11.2011 Реновирањето уште еден патнички вагон.
MZ Bm cars - Реновиран патнички вагон во фабриката за шински возила Велес - Колска За потребите на МЖ Транспорт АД - Скопје денеска се пушти во промет уште еден потполно реновиран патнички вагон МЖ Bm 51 65 21-80 004-0 обновен во фабриката за шински возила Велес.
.
07.11.2011 Пруга Куманово - Бељаковце
Обраќање на Министерот Јанакиески во однос на сработеното во првите 100 дена од мандатот на Владата ... Министерот најави проекти и за подобрување на железничката инфраструктура. Во наредниот период, како што рече, треба да се склучи договор за реконструкција на пругата Куманово - Бељаковце, до крајот на годината ЕБРД и ЕИБ да го одобрат проектот, а во текот на 2013 да почнат и градежните работи за делот што недостига до границата со Бугарија.
- Во оваа фаза треба да се заврши проектот за реконструкција, да се склучи договор за кредитирање, а потоа да следи и тендер за изградба. Очекувам дека до крајот на наредната година ќе потпишеме договор за реконструкција на овој прв дел и оти ќе ја обезбедиме финансиската конструкција за вториот дел за кој треба изградба, појасни Јанакиески и додаде дека целата инвестиција е околу 450 милиони евра. ...
... вели министерот Миле Јанакиески.

извор: Сител ТВ
07.11.2011 Конечно, и ние ќе патуваме во нови возови
Оливер Деркоски За новите пет гарнитури ќе бидат потрошени 45 милиони евра, кои ќе се обезбедат од меѓународните банки.
... „Ќе се набавуваат нови три дизел-моторни гарнитури со по три вагони и две електромоторни гарнитури со по четири вагони. Цената на една од нив достигнува од 4 до 4,5 милиони евра. За нив ќе треба да се чека, бидејќи се работат по нарачка, најчесто од 12 до 18 месеци“, вели директорот Деркоски. Тој објаснува дека заедно со возовите, ќе бидат купени и две електрични локомотиви, од кои една на европските пазари достигнува цена до 4 милиони евра. Ќе се олесни и транспортот на стоки со 150 нови товарни вагони, за кои ќе се потрошат околу 12 милиони евра. ...
... вели директорот Оливер Деркоски.

повеќе од: Утрински весник
02.11.2011 Предлог буџетот за 2012 година
Влада на Република. Македонија Предлог буџетот за 2012 година ... Во тие рамки во склоп на железничката инфраструктура предвидени се и инвестиции во Коридорот 10 на негова реконструкција, а на Коридорот 8 предвидено е да почне реконструкцијата и потоа во втората фаза доградбата на пругата кон Бугарија. Во следната година има оставено пари за почнување на овој проект кој ќе трае неколку години. ...
повеќе од: Влада на Р. Македонија
30.10.2011 Обнова на возниот парк
Влада на Република Македонија ... Предвидено е да бидат набавени пет гарнитури возови - три дизел и две електромоторни, како и 160 товарни вагони. Со тоа според очекувањата на МЖ АД Транспорт, драстично ќе се подобри состојбата во патничкиот и товарниот железнички превоз. ...
повеќе од: Влада на Р. Македонија
20.10.2011 Виновни двете компании
Оливер Деркоски ... Дека одговорноста ја сносат двете компании, потврдува и директорот на Транспорт, Оливер Деркоски. Тој вели дека патниците се навикнати за доцнењето да ги обвинуваат возовите, но тоа понекогаш зависи и од пругата и функционирањето на придружните објекти.
„Целта не ни е да се обвинуваме, туку да ја поделиме одговорноста, бидејќи причините за доцнењето на возовите се објективни. Нема потреба во јавноста да се изнесуваат детали за деловните односи меѓу двете компании. Состојбата во домашните железници е таква каква што е и секој се труди да управува најдобро што може со тоа што го поседува“, вели Деркоски. Дека ситуацијата е очајна, докажува и тендерот за парно затоплување во возовите кое неодамна го распишале од Транспорт. Не се јавила ниедна компанија бидејќи веќе никој во Европа, па ни во светот, не работи со ваква технологија, ниту пак има резервни делови за нашите возови. „Затоа и понатаму ќе го поправаме и ќе го крпиме да потрае што подолго она што го имаме“, вели Деркоски. Тој признава дека должат за надоместот за користење на пругите, но вели дека плаќаат речиси секој месец, но не целата сума.

повеќе од: Утрински весник
14.10.2011 Демант на МЖ Инфраструктура
Информација од МЖ Инфраструктура МЖ Инфраструктура денеска реагираше на вчерашното соопштение од МЖ Транспорт во врска со доцнењето на возовите на релација Скопје - Велес и обратно.
Во реакцијата се наведува дека секојдневните доцнења на возовите се поради дефекти на старите возни средства за чие одржување е задолжено МЖ Транспорт АД Скопје. ...

повеќе од: МИА
14.10.2011 Целосен застој на товарниот сообраќај кон Грција.
Штрајк на грчките железници ... Целосен застој настапи и во железничкиот транспорт. Грчката железница во дописот до Македонска железница го најавила застојот на прием на возови од Македонија за периодот од 18 до 24 октомври, поради штрајк на царинските работници, но оставила простор за прием на возови кои ќе бидат соодветно картирани до 21 октомври.
- Наспроти најавите денеска воз со 19 вагони натоварен со лим од „Макстил А.Д.“, со регулирани превозни документи за картирање на стоката два дена пред да настапи штрајкот, утрово иако замина до Идомени, беше вратен назад, изјави раководителот на Железничката станица во Гевгелија Драган Младеновски.
...
повеќе од: МИА
13.10.2011 Извинување.
Информација од МЖ Транспорт - Поради неисправна сигнализација доцнат возовите на релацијата Скопје - Велес и обратно, посебно на делницата Велес - Кадина Река - Зелениково и обратно.
Македонски железници Транспорт АД преку соопштение им се извинува на патниците кои го користат нивниот превоз, наведувајќи дека неисправните сигнално сигурносни уреди се под ингеренција на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура и оти без разрешување на проблемот возовите ќе доцнат и натаму.
- Со вонредни напори на одговорните лица во МЖ Транспорт АД Скопје се настојува да се надминат проблемите со застареноста и дефектите на возните средства, но и покрај евидентните резултати на тоа поле, сепак, се случува доцнење на возовите на оваа делница. Се надеваме дека Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура во најкраток можен рок ќе ги отстрани дефектите на сигнализацијата што ќе овозможи воспоставување на нормален возен ред, без доцнење, на возовите.

.
05.10.2011 Продолжува реновирањето на вагони.
WLB cars Реновиран патнички вагон во фабриката за шински возила Велес - Колска Од фабриката за шински возила Велес од Велес или попозната како "Колска" деновиве се пушти во промет уште еден потполно реновиран спален вагон МЖ WLB 51 65 71-80 001-5 за потребите на МЖ Транспорт АД - Скопје.
.
02.10.2011 Железници немаат вагони, за нови ќе почекаме
Dionisieva ... Наташа Дионисиева инфирмира дека Транспорт во моментов подготвува тендер за набавка на нови три дизел-моторни гарнитури, со по три вагони и со две електромоторни гарнитури со по четири вагони. Ќе се набавуваат од странски производители, а цената на една од нив достигнува и до пет милиони евра. Новите возови ќе ги скратат трошоците за одржување и за поправки, а дефинитивно ќе бидат и по ќеф на патниците. Но, за нив ќе треба да се чека, бидејќи се работат по нарачка и долго време ...
повеќе од: Утрински весник
16.09.2011 „КОЛСКА“ поправка на вагони од Косово
vagoni za Kosovo Во велешката фабрика за шински возила „Колска“ се донесени на поправка 24 вагони од косовската фирма „Фероникел“ со што започна реализацијата на дел од договорот потпишан со оваа компанија од Косово. Директорот на „Колска“ Александар Атанасов на денешната прес-конференција информираше дека тоа е прва поголема инвестиција во износ од 300 до 350 илјади евра во последните 10 години.
повеќе од: Телма ТВ
15.09.2011 Поедноставуваат граничните процедури
Јанакиевски и Мујота Граничното регулирање во железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Косово се поедноставува. Наместо на двата премина кај Волково и Ханиелези процедурите ќе се одвиваат на едно место на косовска страна, со цел да се намали задржувањето на премините и да се олесни транспортот на патници и стока.
Повеќе
15.07.2011 Сликата во македонските возови наскоро ќе се смени
Derkoski vo Veles ... Денеска на железничката станица во Велес дојде и директорот на јавното претпријатие Македонски железници - транспорт. Признава дека има проблеми во патничкиот сообраќај, но очекува дека за кратко време ќе се смени таквата слика ...
повеќе од: Сител ТВ
14.09.2011 Вагони за филм.
Се припремаат товарни вагони за филмот Трето полувреме Во МЖ Транспорт АД - Скопје се припремаат стари вагони за потребите за снимање на филм на Дарко Митревски „Трето полувреме“ во продукција на Кино Око.
.
03.07.2011 Продолжува реновирањето на вагони.
Реновиран патнички вагон во фабриката за шински возила Велес - Колска Од фабриката за шински возила Велес од Велес или попозната како "Колска" деновиве се пушти во промет уште еден потполно реновиран патнички вагон за потребите на МЖ Транспорт АД - Скопје.
.
27.07.2011 Проект - железнички коридор 10
EBOR Покана за тендер објавен од ЕБОР, проектот за обнова на железнички коридор 10 .
Повеќе
15.07.2011 Железничката прига Скопје - Охрид
Железничка станица Охрид На денешен ден 15-07-1922 година беше пуштена целата обновена и довршена пругата од Скоје пред Охрид.
Самата пруга беше изградена 1918 година но со пробивање на Македонскиот фронт (Солуски фромт) пругата застана на неколку километри пред Охрид.
И по 93 години оваа делница од Коридор 8 не е довршена.
Повеќе
13.07.2011 Кинези се интересираат за развој на македонски железници
Гао Хучен Министер за трговија на НР Кина ... - Разменивме некои идеи со македонскиот министер за економија. Владата на Кина изрази поддршка за развој на кинескиот бизнис во Македонија особено во инфраструктурниот развој, вклучувајќи го развојот на железницата и во енергетскиот сектор, изјави Гао Хучен Министер за трговија на НР Кина. ...
повеќе од: Канал 5 ТВ
12.07.2011 Фестивал на пиво 2011
Pivo fest Prilep По повод „Фестивалот на пивото 2011“, Македонска Железница Транспорт АД – Скопје воведува во сообраќај еден пар на посебни возови на релацијата Скопје – Велес – Прилеп и обратно во деновите 17 (сабота) и 18 (недела) 07.2011 година.
Време на тргнување од: Скопје 11:00, Велес 11:42 часот. Пристигање во Прилеп во 13:00 часот.
Повраток од Прилеп во 01:30 часот по полноќ.
Цената на повратен билет на релацијата Скопје – Прилеп – Скопје изнесува 265 денари
.
Пиво Фест 2011
11.07.2011 Царинските пречки го забавуваат транспортот на Коридор 10
Деркоски Оливер ... Токму царинските формалности и задржувањето на границите низ овие земји ги натераа европските компании се почесто да го заобиколуваат Коридорот 10 и да го користат Коридор 4, правец кој минува низ земји од ЕУ и каде не постојат формални пречки за побрз транзит ...
повеќе од: Канал 5 ТВ
02.07.2011 Власта повторно ветува пруга кон Бугарија
Коридор 8 Долгоочекуваната изградба на железничка пруга кон Бугарија и Албанија ќе почне кон средината на идната година, открива првиот човек на Македонски железници, Оливер Дерковски. ...
повеќе од: Алфа ТВ
29.06.2011 Стартува воз за Бургас.
Композиција на станица Скопје Од петок 01-07-2011 МЖ Транспорт АД - Скопје го стартува кушет-вагонот за Бургас, Бугарија.
Возот 334 кој ќе тргнува секој петок од Скопје во 20:45 во Бургас ќе пристига во 16:00 часот.
Возот од Бургас ќе тргнуваат секоја недела во 9:00 часот, а во Скопје ќе пристигнат во понеделник во 7:00 часот.

.
14.06.2011 Изградбата на пругата Кичево - Лин, ќе започне најрано во 2015
Corridor 8 ... Почетокот на изградбата на кракот на Коридорот 8, од Кичево до Лин во Албанија, кој беше најавен за 2012 година, се одложува за најмалку три години. ...
повеќе од: Утрински весник
31.05.2011 Продолжува реновирањето на вагони.
Реновиран патнички вагон во фабриката за шински возила Велес - Колска Од фабриката за шински возила Велес од Велес или попозната како "Колска" деновиве ќе излезе уште еден потполно реновиран патнички вагон за потребите на МЖ Транспорт АД - Скопје.
.
15.05.2011 Развој на МЖ за периодот 2011-2015
Развој на МЖ за периодот 2011 SDSM СДСМ денеска ја промовираше Изборната програма за периодот 2011-2015.
Делот од изборната програма поврзана со развојот на Македонските железници може да го прогледате.
повеќе за: развој на МЖ
14.05.2011 Развој на МЖ за периодот 2011-2015
Развој на МЖ за периодот 2011-2015 VMRO DPMNE ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промовираше Изборната програма за периодот 2011-2015.
Делот од изборната програма поврзана со развојот на Македонските железници може да го прогледате.
повеќе за: развој на МЖ
06.05.2011 Нови товарни вагони
Нови Rgns-z вагони За потребите на МЖ Транспорт АД - Скопје пристигнава новите 25 Rgns-z и 11 Regnss-z плато товарни вагони од фабриките ТЖВ Гредељ ДОО – Загреб и Гоша ДОО - Смедеревска Паланка.
Истите беа представени на промоцијата во ранжирната станица Трубарево.
повеќе за промоцијата: Министерство
05.05.2011 Неопходна е реконструкција на железничката станица во Скопје
Железничка станица Скопје ... Од Министерството за транспорт и врски потврдија дека станицата ќе се реконструира наредната година.
Оттаму додаваат дека е предвидена реконструкција според најдобрите искуства во Европската унија, а проектот ќе чини 2,9 милиони евра и ќе биде финансиран со средства од ИПА-фондовите за претпристапна помош, како и од буџетот на Македонија.
Од ресорното министерство информираат дека Железничката станица е изградена во почетокот на осумдесеттите години и во изминатиов период нејзиното одржување не било на соодветно ниво. ...
повеќе од: Вечер
30.04.2011 МЖ ќе ги реновира патничките и товарните возови
Деркоски Оливер ... Првиот воз на релација Скопје - Битола веќе е пуштен во употреба. Останатите се подготвуваат.
Освен патничките ќе бидат реновирани и товарните возови. За доплонителните активности во следните неколку години ќе бидат одвоени околу 50 милиони евра. ...
повеќе од: Сител ТВ
26.04.2011 Крш вагоните ќе личат на европски
Eas-z вагон во Колска Велес ... Покрај патничките, информираат од „Железници“, во „Колска“ ќе бидат реконструирани и поголем број товарни вагони. Од септември минатата година се обновени околу 60 вакви вагони, а во моментов во погоните на фабриката се работи на уште 18 товарни коли.
„Колска“ е една од ретките фабрики на Балканот што врши поправки на вагони и железнички коли. Сопственик е државата, а во неа работат близу 200 работници. Капацитетот на фабриката ги задоволува потребите на „Македонски железници“, а доколку се подобрат условите за работа можно е фабриката да стане конкурентна и надвор од границите на државата.
Реновирањето на еден вагон трае три месеци, но вработените во „Колска“ веруваат дека терминот може да се намали за еден месец, односно за еден и пол месец.
повеќе од: Утрински весник
09.04.2011 138 години Македонски железници
138 години Македонски железници
Првиот воз во Велес 09-04-1873 година
.
29.03.2011 Промена на возниот ред на МЖ - Транспорт од 03-04-2011 год.
ИНФО - Нов возен ред* Скопје - Гевгелија воз број 3901 тргнува во 16:40 (поранешно 19:43) пристигнува 19:10
* Гевгелија - Скопје воз број 1902 (нов 3902) тргнува во 16:48 (поранешно 19:00) пристигнува 19:22

* Скопје - Табановци воз број 1902 (нов 2904) тргнува во 18:30 (поранешно 19:30) пристигнува 19:25
* Табановци - Скопје воз број 2903 тргнува во 19:40 (поранешно 20:12) пристигнува 20:35

* Велес - Скопје се укинува возот број 8934 кој тргнуваше во 18:14

* Скопје - Солун возовите 335 Хелас експрес и 337 Олимпус експрес привремено не сообраќат
* Солун - Скопје возовите 334 Хелас експрес и 336 Олимпус експрес привремено не сообраќат

.
29.03.2011 Железничката станица ќе се враќа во живот
 Железничка станица Скопје Со донација од 2,5 милиона евра, во голема акција ќе се реконструира Железничката станица, најавуваат од „Македонски железници“. Таа со децении пропаѓа поради малите и незначајни санации на објектот, и тоа еднаш во 10 или 15 години. Средствата, изјавија раководни лица, веќе се обезбедени од Владата, поточно од ИПА-фондовите од Европската Унија.
... Помошник-раководителот за пруги и постројки во „Македонски железници“, Владимир Пановски, изјави дека обновата ќе почне до крајот на годинава, а според прогнозите би траела до 2012 година. ...
повеќе од: Дневник
23.03.2011 Нема сигнализација на коридор X
Коридор X сигнален кабел Скоро на третина од железничкиот коридор X нема сигнализација, дел поради украден кабел а во делови од трасата поради негова замена.
.
19.03.2011 Ставен на шини реновиран патнички вагон
Nov vagon vo Kolska Veles Од фабриката за шински возила "Колска" од Велес вчера во сообраќај беше пуштен нов патнички вагон што го направија работниците од најстарата велешка фирма. Во неговата реконструкција и модернизација работеле осумдесетина работници во изминативе три месеци. Инвестирани се околу 120.000 евра или десетпати помалку од цената на нов вагон.
повеќе од: ВЕЧЕР
02.03.2011 Статистика
Државниот завод за статистика Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2010 година, во патниот железнички превоз бројот на превезените патници изнесува 389.000.
Во истиот период количеството на превезената стока во железничкиот превоз е намалено за 10.5%.
извор
24.02.2011 Потенцијалите на Пелагонија неискористени
Коридор Xd... „Признавам дека работите одат бавно, но ние не располагаме со сопствени средства за инвестирање во железничкиот сообраќај”, вели Оливер Деркоски, првиот човек на МЖ Транспорт.
Петар Спасовски, помошник-директор за комуникации во МЖ Инфраструктура вели дека Владата размислува за подобрување на железничкиот сообраќај кон Грција, но тоа не е моментален приоритет.
„Моментално работиме на Коридорот 8. Треба да се изгради 90 километарска пруга од Куманово до Деве Баир, Бугарија и 70 километри од Кичево до Албанија. Кога овој проект ќе биде готов, тогаш ќе можеме да аплицираме и за други проекти како што е пругата Битола-Кременица. Сега сме во фаза на изработка на физибилити студија за реконструкција на оваа пруга. Веќе аплицираме за да ги добиеме потребните 9 милиони евра”, вели Спасовски. ...

повеќе од: Форум
21.02.2011 Железница во Кавадарци ?
Пруга кон Кавадарци Стопанството од Кавадарци има потреба од железнички сообраќај, бидејќи ќе се намалат транспортните трошоци на фирмите. Со изградба на дел од железничката пруга, кавадарчани ќе можат да патуваат со воз.
За оваа идеја стана збор на средбата на кавадаречкиот градоначалник, Александар Панов, и на бизнис-заедницата со директорот на „Македонски железници - Транспорт“, Оливер Деркоски. Притоа, беше договорено да се скенира теренот и да се изготви финансиска конструкција. ...

повеќе од: Утрински весник
18.02.2011 И Македонија ќе има европска железница
Дерковски - Современа железница по европски терк. Вака во наредните 5 години е зацртан планот на Македонски железници кои моментно работат на реновирање на вагоните и купеата во фабриката за шински возила во Велес ...
... - Во следните 5 години предвидено е да се набават пет моторни гарнитури, 3 дизел моторни и 2 електомоторни гарнитури за патничкиот превоз во Македонија, како и реконструкција на 30-тина патнички вагони. Наскоро се очекуваат погодности во локалниот железнички сообраќај. ...

повеќе на: Канал 77
11.01.2011 Железничкиот сообраќај кон Грција се прекинува.
Коридор X zatvoren Меѓународниот железнички сообраќај кон Грција од утре 12-02-2011 се прекинува.
Меѓународните возови ќе сообраќаат само до Скопје т.е. Гевгелија.

.
10.02.2011 И Македонија ќе има европска железница
Дерковски - Современа железница по европски терк. Вака во наредните 5 години е зацртан планот на Македонски железници кои беа домаќини и со посебен реновиран вагон ги донесоа стопанствениците од Скопје и регионот во Битола. Моментно железницата работи на реновирање на вагоните и купеата во фабриката за шински возила во Велес, но најавуваат осовременување од повисоко ниво. ...
повеќе на: ТЕРА ТВ
10.02.2011 Инвестициите и инфракструктурата клучни за развој на регионот
Бранко Азевски ... - Дојдовме со воз за да упатиме јасна порака дека мора по толку години да се вложи во железничката инфраструктура, да се модернизира, да се поврзи со граничниот железнички премин Кременица и да се овозможи проток на стоки до Солунското пристаниште. Затоа ќе поведеме иницијатива во наредните пет години да се модернизира пругата Велес-Битола, истакна Бранко Азески за време на средбата со стопанствениците од Пелагонискиот регион. ...
повеќе на: СКМ
25.01.2011 Железничкиот сообраќај кон Грција блокиран поради штрајк
Blocked Меѓународниот железнички сообраќај кон Грција денеска и утре 26-27 јануари ќе биде блокиран поради генерален штрајк на грчките железничари.
Меѓународните возови поради штрајкот ќе сообраќаат до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија. Грчките железници ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно.

.
19.01.2011 Железничкиот сообраќај кон Грција блокиран поради штрајк
Blocked Меѓународниот железнички сообраќај кон Грција денеска и утре 19-20 јануари ќе биде блокиран поради генерален штрајк на грчките железничари.
Меѓународните возови поради штрајкот ќе сообраќаат до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија. Грчките железници ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно.

.
15.01.2011 Интер сити Скопје - Солун
За дамнешениот проект на пYiannis Butarisоврзување на Скопје со Солун со брзи возови, интервју со актуелниот Градоначалник на Солун Јанис Бутарис.
09.01.2011 Возовите под блокада од тутунарите
blocked raiways Околу илјада пелагониските тутунари денес го блокираа железничкиот сообраќај кај месноста Гостиражник. Ниту силното полициско обезбедување не успеа да ги спречи во нивната намера. Тутунарите не отстапуваат од своите барања, денес го повикаа премиерот да ги посети и да види како тутунарите ги поминаа празниците. ...
возен ред
 

 
MK-Train
 
eco

 
Владимир © 2008