Header image
English language | · тендери · | · прес · | · мапа · |  


НОВОСТИ
31.12.2010
Blocked

НЕКА НИ Е СРЕЌНО И БЕРИЌЕТНО ЛЕТОТО ГОСПОДОВО 2011
.
29.12.2010 Прес-конференција на Јанакиевски
Mile Janakievski ... Годинава е изработена и физибилити студијата и идејните проекти за железничката делница Кичево - Лин, како и основниот проект за делницата Крива Паланка - Деве Баир.
Со донација од 500 илјади евра за консултант се изработува физибилити студија и проценка на влијанието врз животната средина на Коридорот 10. Првите резултати се очекуваат во мај - април идната година, а целата студија треба да биде готова во октомври. По првичните резултати, како што посочи министерот Јанакиески, ќе се знае дали Европската банка за обнова и развој ќе влезе во овој проект.
Во однос на изградбата на железничката делница Битола - Кременица започната е постапка за подготовка на проектната документација, а се очекува до 2014 година таа да биде целосно завршена. ...

повеќе на: MTК
23.12.2010 Се укинува железничката линија Скопје- Солун
signal stopСкопје и Солун по Нова година ќе бидат железнички неповрзани. Се укинува линијата Солун Скопје Белград и обратно – ова доцна синоќа го објавија грчките железници. Соопштението на нивниот официјален сајт од непознати причини по неколку часа беше тргнато, а денеска не беа достапни за коментар. Од македонска страна пак велат дека не се запознаени со ништо такво, ниту пак имаат никакво известување. ...
22.12.2010 Железничкиот сообраќај кон Грција блокиран поради штрајк
Blocked Меѓународниот железнички сообраќај кон Грција денеска ќе биде блокиран поради генерален штрајк на грчките железничари.
Меѓународните возови поради штрајкот ќе сообраќаат до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија. Грчките железници ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно.

.
20.12.2010 Железничката инфраструктура останува приоритет во 2011
Janakievski Mile Реконструкција на железничките делници Куманово - Дељадровци и Драчево - Велес и отпочнување на активности за реконструкција на железничката станица во Скопје се дел од активностите на Министерството за транспорт и врски планирани за следниот период. ...
... Во однос на железничката инфраструктура од Коридорот 8, министерот Јанакиески посочува дека е изработена физибилити студија, идеен проект и студија за проценка на влијанието врз животната средина за делницата од Кичево до Лин, како и основен проект за делницата од Крива Паланка до Деве Баир.

повеќе на: Сител ТВ
18.12.2010 Се интензивира користењето на железничкиот сообраќај
Fersped - Патниците се повеќе го користат железничкиот сообраќај, смета Оливер Деркоски, директор на „Македонски железници а.д Транспорт“.
- Особено со враќањето во сообраќај на брзиот воз „Пелагонија Експрес“ на линијата Битола-Скопје и обратно, воведен од минатата недела со стапувањето во сила на зимскиот возен ред, изјави Деркоски.
Со одобрените 50 милиони евра од Владата за осовременување на железницата, потенцираше Деркоски, ќе се купат три дизел моторни и две електромоторни комплет ганрнитури возови за патничкиот сообраќај.
- Потребни се три локомотиви за товарниот сообраќај, а ќе се реконструираат 30 патнички вагони со клима-уред и вакум ве-це, додаде Деркоски.

13.12.2010 Во прекин железничкиот патнички сообраќај кон и од Грција
Strike in the Greek railway Од денеска до четврток ќе биде во прекин железничкиот патнички сообраќај кон и од Грција поради генерален штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите (ПOС).
Во овие денови, како што информираат од МЖ Транспорт, меѓународните патнички возови ќе сообраќаат до Гевгелија и ќе тргнуваат оттаму.
Во овој временски период, Грчките железници ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно.

.
12.12.2010 Пелагонија експрес
Pelagonija express Со новиот возен ред во редовен сообраќај се враќа возот бр. 190 „Пелагонија експрес“ кој ќе сообраќа на релацијата Битола – Скопје – Битола.
Од Битола ќе тргнува во 5:30 часот наутро, а во Скопје ќе пристигнува во 8:17 часот.
Од Скопје кон Битола поаѓањето е во 17 часот, а пристигањето во Битола е во 19:50 часот.

.
04.12.2010 Нормализиран железничкиот сообраќај
Trajanovski Jovica Железничкиот сообраќај на пругата од Скопје кон Кичево и обратно, денеска околу 14 часот е нормализиран.
- Благодарение на брзата интервенција на железничарите, надмината е вчерашната состојба кога поради преливање на водата кај тетовското село Порој, мораше да дојде до прекин железничкиот сообраќај кон Кичево, соопшти Јовица Трајановски од МЖ „Транспорт АД – Скопје“.
Тој додаде дека патничкиот воз 690, кој сообраќа од Скопје до Кичево, денеска во 16:50 часот ќе тргне од станица „Скопје“ според важечкиот возен ред.

.
03.12.2010 Запрен возот Скопје - Кичево
Flood Поплава на железничката пруга кај село Порој, Тетовско предизвика прекин на железничкиот сообраќај од Скопје кон Кичево и обратно.
Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, редовниот железнички сообраќај на оваа пруга денеска во 16 часот бил прекинат поради поплавен дел од железничката пруга.
Од МЖ Транспорт соопштуваат дека сообраќајот на оваа делница ќе се воспостави откако стручните служби на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје, кои во моментов се на местото на настанот, ќе дадат дозвола за сообраќај.

.
01.12.2010 Статистика
Државниот завод за статистика Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2010 година, во патниот железнички превоз бројот на превезените патници изнесува 379.000.
Во истиот период количеството на превезената стока во железничкиот превоз е зголемено за 5.8%.
извор
16.11.2010 Железнички музеј
Museum И по година ипол остана закатанчен влезот на чекалната на скопската железничка станица во која требаше да биде почетниот железнички музеј на МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ.
.
14.11.2010 Инвестиции во железничкиот сообраќај од страна на Владата
Јанакиевски ... Владата ја усвои како нацрт документ анализата за потребите од инвестирање во „Македонски железници“ изготвена од раководството на компанијата и планира инвестиции во соработка со меѓународните институции. ...
повеќе на: Курир
11.11.2010 Преиспитувањето на приватизацијата на „Фершпед“ ...
Fersped ... Сакам да напоменам дека ние не покренавме тужба за целосно поништување на приватизацијата на „Фершпед“, туку само на делот во „Железници“, вели за „Макфакс“ Китанова. ...
повеќе на: Makfax
04.11.2010 Интернет - билети ...
e-transport Резервациите ќе се прават и ќе се плаќаат преку новата веб-страница на „Македонски железници - Транспорт“, која моментно се изработува, па ќе нема потреба патниците на станица да се маткаат со шалтерските работници, туку ќе отидат на станица и директно ќе си се сместат во вагоните. Преку веб-страницата на „МЖ - Транспорт“ ќе се добие информација лесно и брзо за секоја дестинација во Европа, за цената на билетот, времетраењето и маршрутата на патувањето. ...
повеќе во: Утрински
29.10.2010 Непречено функционирање на железнички превоз
Mile Janakievski Денес во Министерството за транспорт и врски се одржа работен состанок меѓу Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, Директорот на АД „МЖ Транспорт“, Оливер Деркоски и претставници на компании кои ги користат услугите за железнички превоз на АД „МЖ Транспорт“ и тоа „Окта“, „Макстил“, „Фени индустрија“, „Митал стил“, „Цементарница УСЈЕ“, „Скопски легури“, како и претставици на шпедитерските компании „Девелопулос“, „Продос“, „Кампакис“ од Република Грција и „Фершпед“...
повеќе на: MTК
28.10.2010 Нормализиран железничкиот транспорт кон и од Грција
Gevgelija transport Железничкиот сообраќај кон и од Грција е нормализиран откако денеска Панхеленистичкиот сојуз на железничарите го прекина генералниот штрајк што почна во понеделникот.
Од Македонски железници АД Транспорт информираат дека возовите се движат со важечкиот меѓународен возен ред.
Поради штрајкот на грчките железничари, возовите се движеа до и тргнуваа од Гевгелија, а оттаму патниците до Солун и обратно беа транспортирани со соодветни превозни средства, односно беше обезбеден трансфер со автобус. Штрајкот на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите почна во понеделникот и се очекуваше да се нормализира ноќта меѓу 29 и 30 октомври.

фото
26.10.2010 Гевгелија загушена
Gevgelija blok Поради генерален штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите, железничката станица Гевгелија потполно е загушена со товарни вагони кој чекаат за влез во Грција.
фото
13.12.2010 Наредните пет дена железничкиот сообраќај кон Грција во прекин
Strike in the Greek railway Од утре па се до 29 октомври, поради најавениот генерален штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите, повторно ќе биде прекинат железничкиот сообраќај кон и од Грција, соопштија од Македонски железници.
.
15.10.2010 Се тестираат нови вагони за МЖ Транспорт
Rgns-z wagons foto: Daco-zg Деновиве на брзите пруги во Хрватска се тестираат новите товарни вагони од серијата Rgns-z за МЖ Транспорт АД-Скопје изработени во ТЖВ Гредељ.
.
15.10.2010 ЕБОР со заем за реконструкција на железничкиот коридор 10
EBRD in Macedonia Заменикот претседател на Владата и Министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет, денеска ќе потпишат договорот за заем за финансирање на Проектот за подобрување на железничката пруга на Коридор 10.
извор: Makfax
14.10.2010 Штрајк на грчките железничари
Strike in the Greek railway Грчките железничари денеска почнуваат еднодневен штрајк поради најавената приватизација на државната железничка компанија OSE, во рамки на владините мерки за намалување на дефицитот во државниот буџет.
.
12.10.2010 Мерна кола
HRT-260 Car track measurrement Италианската мерна кола HRT-260 овој месец интензивно собира податоци низ пругите во Македонија.
Податоците ќе послужат за осознавање на правата состојба на нашите пруги и изработка на студија за нивна обнова.

фото
11.10.2010 Нови товарни вагони за МЖ Транспорт
Regnns wagons foto: Novajlija Утре би требало да пристигне првата тура од 36-те товарни вагони од серијата Regnns за МЖ Транспорт изработени од фабриката за шински возила “Гоша”
.
09.10.2010 Интегрирана телекомуникациска мрежа во Македонски железници
MZ Rail Traffic Control Center Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Македонски железници - Скопје“ денеска ја пушти во работа интегрираната телекомуникациска мрежа. ...
повеќе: Mиа
08.10.2010 Втор неуспешен обид за влез на приватна компанија во железничкиот сектор
signal stopПропадна и вториот обид за влез на приватна компанија во железничкиот сектор. Единстената фирма која бара дозвола за вршење товарен превоз, е одбиена, со образложение дека не била финансиски подобна. ...
... Од Министерството за транспорт велат дека фирмата била регистрирана во јануари годинава и немала вршено никаква дејност, па затоа е одбиена. Првиот човек на Делта Рајл Карго не се согласува со тоа. ...

27.09.2010 Грчките штрајкови предизвикуваат штети во Македонија
Oliver Derkoski... „Заради штрајкот нашиот сообраќај се одвива со потешкотии, како патничкиот, така и товарниот сообраќај. Патниците се принудени да се симнат кај граничниот премин кај Гевгелија, па оттаму со автобус да продолжат кон Грција. Товарниот сообраќај ни досега не одел добро, а и сега се одвива со намален интензитет. Сето ова негативно ќе влијае на финансиската ситуација на Македонски железници“ - вели Оливер Дерковски од - МЖ - Транспорт. ...
27.09.2010 Прекин на железничкиот сообраќај со Грција
Blocked Поради штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите од денеска до 29 септември ќе биде во прекин железничкиот сообраќај со Грција.
Од „Македонски железници“ информираат дека во овие денови меѓународните возови кон Солун ќе се движат само до железничката станица Гевгелија.
Грчките железници во деновите на штрајкот, ќе обезбедат трансфер на патниците од Гевгелија до Солун и обратно.

.
26.09.2010 Прекин на железничкиот сообраќај
Blocked Ве информираме дека поради обилните врнежи, високи наноси појавени се на железничката пруга на делот Смоквица – Миравци.
Заради обилните врнежи во прекин е железничкиот сообраќај во близина на с. Миравци, каде има оштетување на пругата во должина од 30 метри, од раните утрински часови на терен се излезени екипи на ЈП МЖ инфраструктура кои работат на итна санација на пругата и се очекува истата да биде проодна денес до 15.00 часот.

извор
21.09.2010 Возовите ќе сообраќаат до Гевгелија
Blocked Поради генерален штрајк на Грчките железничари утре и задутре ќе биде во прекин железничкиот патнички сообраќај кон и од Грција.
Меѓународните патнички возови, како што соопштија Македонски железници - Tранспорт, ќе сообраќаат само до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија.
За време на штрајкот, според информациите на Грчките железници, за патниците кои патуваат од Гевгелија за Солун и обратно ќе биде обезбеден трансфер со автобуси.

.
21.09.2010 Се подобруваат состојбите во Македонска Железница
Државниот завод за статистика Раководството на “Македонски железници А.Д. Транспорт” е уверено дека се подобруваат состојбите во компанијата, од неколку аспекти: ќе се обнови траспортот, железниците се поврзуваат со другите од поранешните ју републики преку новиот проект и финансиски ќе зајакнат со ослободување на обврските
- Првата половина од годинава финансиски е далеку поповолна за македонските железници во споредба со лани. Ланските загуби сега се намалени, вели Оливер Деркоски, директор на Македонски железници А.Д. Транспорт, кој додава дека тука е голема улогата на државата која со законот за трансформирање на железниците го презема поголемиот дел од старите обврски. Со 1.460 вработени нема превработеност, туку е потребно преструктуирање, смета првиот човек на Компанијата. Сега е потребно осовременување, но и пари за тоа. ...

повеќе
16.09.2010 Статистика
Државниот завод за статистика Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2010 година во железничкиот превоз бројот на превезените патници изнесува 398 000.
Во истиот период количеството на превезената стока во железничкиот превоз е зголемено за за 25.3%.

извор
15.09.2010 Влегувањето на МЖ во Алијансата - Карго 10 е корисно
GruevskiПремиерот Никола Груевски смета дека е корисно вчерашното влегување на Македонски железници - Транспорт во Алијансата на железници на Коридорот 10 - Карго 10, во која учествуваат и железничките претпријатија од Србија, Хрватска, Словенија и Република Српска.
- Добро е што се се заврши онака како што претпоставувавме. Конечно вчера завршија преговорите и во рок од еден месец треба да се потпише договорот. Тоа ќе биде придобивка за нашите железници бидејќи влегуваме во група која има сериозни заеднички проекти за движење напред на железниците од регионот, изјави премиерот Груевски.

извор ВРМ
13.09.2010 Нов штрајк на грчките железничари
Blocked Вработените во грчката државна железница вечерва на полноќ почнуваат 24-часовен штрајк, во знак на незадоволство поради мерките на штедење што ги најави Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција.
Грчките железничари штрајкуваа и минатата недела, што предизвика прекини и проблеми во одвивањето на домашниот и меѓународниот железнички транспорт.

.
10.09.2010 МЖ непоканети во новата железничка унија на Балканот
Oliver-Derkoski... „Пројавивме интерес, меѓутоа не добивме конкретен одговор“, додава Дерковски.
... „Првичната идеја било планирано да се користи Коридорот 10 до кракот кај Димитров град и натаму да продолжува на Коридорот 4, се до Истанбул. Потоа анализирајќи ги новонастанатите околности, увиделе дека треба да се користи другиот дел од Коридорот 10 кој што оди до Солун и до Атина и дека дава исто така можности за одреден профит“, рече Дерковски. ...

01.09.2010 Обновен возниот парк
MZ 642-404 Пуштена во промет и последната, четврта дизел маневарска локомотива од серијата 642-400.
Со целосната обнова на дизел локомотивата во ЦД Марибор доби нов број-серија МЖ 642-404.

24.08.2010 МЖ ќе стане дел од екс-ју железницата
Oliver-Derkoski Македонија се приклучува на новата железничка иницијатива која ја предводат Словенија, Хрватска и Србија, јавија од „МЖ-транспорт“.
За таа цел Дерковски, на 31 август, годинава ќе отпатува за Словенија каде што на средба со раководството на словенечката железница ќе разговара за деталите околу вклучувањето на Македонија во овој проект. ...

04.08.2010 Balkan Ekspresi во Македонија
Balkan Ekspresi Од 5 до 13 август специалниот воз БАЛКАН ЕКСПРЕС на турската телевизија ТРТ ќе биде во Македонија.
Првата дестинација на овој трас-балкански воз е градот Тетово следен е Скопје потоа Битола и на крај Охрид.

повеќе на TRT
16.07.2010 WEB страна на МЖ Транспорт
www MZ-Transport Наскоро МЖ Транспорт АД-Скопје ќе добие своја веб страна, адресата највероватно ќе биде:


http://www.mztransportad.com.mk

.
12.07.2010 Фестивал на пиво 2010
Pivo fest Prilep По повод „Фестивалот на пивото 2010“, Македонска Железница Транспорт АД – Скопје воведува во сообраќај еден пар на посебни возови на релацијата Куманово – Скопје – Велес – Прилеп и обратно во деновите 17 (сабота) и 18 (недела) 07.2010 година.
Време на тргнување од: Куманово 10:20, Скопје 11:10, Велес 11:55 часот. Пристигање во Прилеп во 13:10 часот.
Повраток од Прилеп во 01:30 часот.

Пиво Фест 2010
08.07.2010 Блокиран железничкиот сообраќај со Грција
Blocked Поради генерален штрајк на железничарите на 8 јули годинава ќе биде во прекин патничкиот сообраќај кон и од Грција.
Меѓународните патнички возови ќе сообраќаат само до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија.

.
21.06.2010 Блокиран железничкиот сообраќај со Грција
Blocked Поради генерален штрајк на Панхеленистичкиот сојуз на железничарите на 22, 23 и 24 јуни годинава ќе биде во прекин патничкиот сообраќај кон и од Грција.
Меѓународните патнички возови ќе сообраќаат само до Гевгелија и ќе тргнуваат од Гевгелија.

.
03.06.2010 Пуштена во промет
MZ 642-402 По обновата во ЦД МАрибор пуштена е во промет и втората дизел локомотива.
Со обновата дизел локомотивата доби нов број-серија МЖ 642-402

фото
28.05.2010 Статистика
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2010 година, во однос на истиот период од 2009 година, брДржавниот завод за статистикаојот на превезените патници во железничкиот превоз изнесува 346000.
Во истиот период, количеството на превезената стока железничкиот превоз е зголемено за 7.8%

извор

13.05.2010 Соопштение
Oliver Derkoski Би сакале да Ве информираме дека Генералниот директор ма МЖ Транспорт АД-Скопје, г-дин Благоја Крстевски поднесе оставка од функцијата генерален директор на МЖ Транспорт АД-Скопје од здравствени причини.

На вчерашната седница Надзорниот одбор на МЖ Транспорт АД-Скопје ја констатираше оставката на г-динот Благоја Крстевски и за нов председател на Управниот одбор на МЖ Транспорт АД-Скопје и генерален директор на МЖ Транспорт АД-Скопје беше назначен г-дин Оливер Деркоски.

Надзорен одбор на МЖ Транспорт АД-Скопје
.

07.05.2010 Пуштена во промет
MZ 642-401 Првата маневарка од вкупно четирите кој се обновуваат во Марибор Словенија е пуштена во работа.

Со обновата првата дизел маневарска локомотива доби нов број-серија МЖ 642-401.

.

08.04.2010 137 години Македонски железници
137 години Македонски железници На 08-04-1873 од Солун во Велес пристигна првиот воз.

Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на Македонски железници.

.
20.03.2010 Патнички воз удри во одрон
МИА - Македонска Информативна Агенција Патнички воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје денеска околу 13 часот и 45 минути удри во мал одрон меѓу селата Јегуновце и Орешани при што е оштетен резервоарот на локомотивата.

Центарот за управување со кризи соопшти дека други материјални штети не се предизвикани, а со помош на влечна локомотива е извлечена возната композиција од местото каде се случил инцидентот.

Сообраќајот на овој потег од железничката линија привремено бил во прекин, а по интервенцијата се одвива со намалена брзина.
извор
15.03.2010 Патнички воз удри во одрон
Министерството за транспорт и врски

Ве информираме дека попладнево локомотива од возот со бр. 6904 кој сообраќал на релацијата Скопје – Кичево се изместила од пругата заради настанат одрон во близина на населеното место Лакавица, гостиварско. Никој од триесетте патници и персоналот кој се наоѓале во возот не е повреден, а причинета е помала материјална штета на локомотивата.

Стручни екипи од ЈП „МЖ Инфраструктура“ и АД „МЖ Транспорт“ во моментот се на лице место со цел да извршат увид во настаната состојба.
извор
15.01.2010 Соопштение
Ве информираме дека во текот на 2010 година, Министерството за транспорт и врски, во областа на железниците предвидува да реализира проекти, кои ќе бидат насочени кон подобрување на моменталнта состојба на железницата во нашата држава и обезбедување на подобар и поефикасен превоз на лица и стоки низ територијата на нашата држава.
За таа цел, со средства обезбедени од Светска Банка, склучени се договори со фирмите „Гоша“ од Република Србија и „Гредељ“ од Република Хрватска, за набавка на 36 нови товарни плато вагони.
извор
возен ред
 

 
MK-Train
 
eco

 
Владимир © 2008