Header image
 
 

ИСТОРИЈА на МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ
преку фото документација
Почеток 1873 година

Почеток 1873

Првото железничко поврзување во просторот на Македонија се случил во 1873 година кога е воспоставена железничка врска меѓу Солун и Скопје со Ориенталната железница (CO - Chemins de fer Orientaux) по фази:
  • Солун - Миравци 06.06.1872 година
  • Mиравци - Криволак 09.01.1873 година
  • photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Велес 1873 година

    Велес 1873

    Свечаност по повод првиот воз од Велес во 1873 година за Солун.
  • Криволак - Велес 09.04.1873 година
  • Велес - Скопје 09.08.1873 година
  • photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје 1873 година

    Скопје 1889

    На 9 август 1873 Скопје се поврзува со Солун.
    Фото: Железничкиот персонал од дирекциите од Скопје и Солун во 1889 година, пред железничката станица во Скопје
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје 1874 година

    Скопје 1873

    Во 1874 година Скопје се поврзува со Косовска Митровица.
    Фото: Железничката станица во Скопје
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Македонска железница од 1883 година

    MZ 1883

    Ориенталната железница (Источните железници) е прва компанија која ја експлоатирала железничката врска помеѓу Солун и Скопје.
    Оваа железница меѓу народот, но и официјалните акти, била позната е и под името „Македонска железница“ за што говори и возниот ред од 1883 година
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Битола 1894 година

    Битола 1911

    Почетокот на градење на пругата Солун - Битола е во мај 1891 и по четири години градба Битола на 14.06.1894 се поврзува со Солун.
    фото: Манаки Јанаки, Манаки Милтон во 1911 година.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Битола 1911 година

    Битола 1911

    Пристигнување на железничката станица на Султанот Мехмед V Решад во Битола снимено од страна на Манаки Јанаки , Манаки Милтон во 1911 година.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Градба на 600 mm пруга 1916 година

    Македонски фронт

    На 26.02.1916 година почнува со градба на 600 mm. трасата од Градско до Дреново во должина од 20.1 км. за потребите на Македонскиот фронт (подоцна преименуван во Солунски фронт)

    Повеќе за историјата на овие пруги на Теснолинејка во Македонија

    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје штрајк 1919 година

    Штрајк 1919 год.

    Извештај за штрајкот во лозилница Скопје од 23 мај 1919 година.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Прилеп 1923 година

    Прилеп 1923 год.

    Персонал за одрзување од ложилницата во Прилеп на пругата Градско - Битола со ширина од 600 mm снимено на 10-02-1923 година.
    Фото: Парно локомотива серија 99.4
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Велес - Штип 1923 година

    Прилеп 1923 год.

    Во јули 1923 година Дирекцијата за градење железници добива наредба за изградба на делницата од Велес до Штип. Градбата почнува на 01-11-1923 година и пред планираниот рок на 20 октомври 1924 година првиот воз влага во станицата Штип.
    Фото: Парна локомотива серија ЈДЖ 20
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Кичево 1943 година

    Кичево 1943 год.

    Партизанската железница на слободнаата територија за три дена пренесува повеќе од 20.000 луѓе за народниот митинг во Кичево на 26 септември 1943 година со 50 вагони и 11 локомотиви серија 99.4 на 600 mm. пруга.
    Фото: Товарен вагон серија ЈДЖ G
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Прва локомотива 1944 година

    Прва локомотива 1944 год.

    Прва локомотива обновена и пустена во сообраќај на самиот крај на војната во Македонија.
    Гевгелија, декември 1944 година.
    Фото: Парна локомотива серија ЈДЖ 35
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Македонски Федерални Железници 1945 година

    Македонски Федерални Железници

    Привремена наредба за превоз на патници багажи и стоки по Македонски Федерални Железници.
    Битола, 1945 година.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје 1963 година

    Скопје 1963 год.

    Брза обнова на лозилница Скопје после катастрофалниот земјотрес 26 јули 1963 година.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје 1973 година

    Скопје депо 1973 год.

    Пуштање на новото техничко - патничко депо во Скопје, кое располага со 116 свртници и 64 колосеци во должина од 16 километри.
    Фото: Дизел моторнен воз серија ЈЖ 712 и шинобус серија ЈЖ B 812 (фото од 1975)
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Градско - Шивец 1977 година

    Градско - Шивец 1977

    Одлука од 22 ноември 1977 год. за градба на железничката линија од нормален колосек Градско - Шивец (топилница „Фени“) се лоцира на подрачјето на општините Титов Велес и Кавадарци и истата ќе поминува низ атарите на населените места Градско, Паликура, Росоман, Рибарци, Манастирци, Трстеник и Шивец.
    Во јавен сообраќај 17 км пруга се пуштени во декември 1982 година.
    Фото: Изградба на пругата (фото од 1978)
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Скопје 1981 година

    Скопје депо 1973 год.

    Тргнување на првиот воз од новиот Транспортен центар - Скопје на 27-07-1981 година во 12:32 часот.
    Фото: Методи Андов во отправничка униформа дава знак за тргнување на првиот воз.
    photoкликни на сликата за поголема фотографија
    Трансформации низ времето
    • Ориентални (Источни) железници (Македонска железница) 1873
    • Српски државни железници 1913
    • Железница на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците 1918
    • Југословеснки државни железници 1929
    • Бугарски државни железници 1941
    • Македонски државни железници 1944/1945
    • Македонски федерални железници 1945
    • Југословенски железници 1945
    • Државна дирекција на железници во Скопје 1945
    • Железничко транспортно претпријатие – Скопје 1963
    • Железничка транспортна организација – Скопје 1977
    • Железничко транспортно претпријатие – Скопје 1990
    • ЈП „Македонски железници“ ЦО – Скопје 1995
    • МЖ Транспорт АД – Скопје 2007
     
    Владимир © 2008