Header image
 
 

туристичко-историски воз

„СИМПЛОН МАКЕДОНИЈА“
Проект 2009
Simplon Macedonia Опис
- Во возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје се уште можат да се најдат стари парни и дизел локомотиви, како и стари вагони кои можат да се доведат до возна состојба со што би се направила една национална композиција по угледот на некогашниот „Симплон - Ориент експрес“ кој поминувал низ овие простори, наречен „СИМПЛОН МАКЕДОНИЈА“.
Во првичните замисли станува збор за реконструкција и ресторација на една парна локомитива и композиција од соодветни патнички вагони кои ќе бидат прилагодени за посебни историски патувања во минотото на Македонија, земајќи ги предвид близината на многуте ископини покрај самата железничка линија како Скупи, Стоби, Хераклеја, Вардарски рид.
Во возот е планирана постојана историска постановка за железниците во Македонија, како и културното наследство во Македонија. Во посебни прилики за странски гости или пак училишни образовни програми во салонот на еден од вагоните ќе се зборува и презентира историски содржини и културното наследство на Македонија.
photoкликни на сликата за поголема фотографија
Локомотива

MZ 33-09033-090
Инженерите од фабриката Борсиг (Borsig) врз база на локомотивата од серијата 50 ја развиваат серијата 52, која на тестовите покажала одлични резултати.
Таа е многу снажна и едноставна за одржување локомотива така да од таа серија се произведени во повеќе фабрики вкупно 6353 локомотиви.
Од таа серија DRB / DB-52 кај нас позната како ЈЖ 33 во Македонија имало ~ 20 локомотиви.
Парната локомотивата со број 33-090 е едино сочувана кај нас и во состојба која може да се рестоврира и стави во употреба.

Инвентарски број 33-090
Фабрички број 11245
Стара ознака 52 3234
Година на производство 1944
Производител Jung
Тип 1-Е
Број на цилиндри 2
Притисок на спрегнати осовини 150 kN (15t)
Пречник на спрегнати осовини 1,40 m
Пречник на слободните осовини 0,85 m
Должина на локомотивата 13,60 m
Должина на локомотивата со тендер  
  со одбојници 22,975 m
Крајниото растојание на осовините 19,00 m
Маса на локомотивата во служба 144,5 t
Атхезивна маса 75,5 t
Обем на залихи  
  Јаглен 8 t
  Вода 30 m3
Работен притисок на пара 16 bar
Површина на решетката 3,9 m2
Испарувачка грејна површина 177,60 m2
Влечна сила на цилиндри 20350 kg
Снага  
  e = 0.8 625 kW ( 850 KS)
  e = 1 770 kW (1050 KS)
Критична брзина 12,5 - 15,5 km/h
Максимална брзина 80 km/h
 
поранешна состојба на парната локомотива 33-090 - видео video

Вагони I
AkAk 80 72 925 0060-8
Четвороовински патнички вагон од серија Ak произведен 19xx год. последна ревизија 00-00-19xx год.
Должина 20.70 m, тежина 76.3 t, максимална брзина до 80 km/h.
photoкликни на сликата за поголема фотографија
UakUak 20 72 925 0452-0
Четвороовински патнички вагон од серија Uak произведен 19xx год. последна ревизија 01-08-1976 год.
Должина 0.00 m, кочена тежина 0 t, максимална брзина до 80 km/h.
photoкликни на сликата за поголема фотографија

Проект СИМПЛОН МАКЕДОНИЈА

Вагони II
Bs 35315Bs 35315
Двоосовински патнички вагон од серија Bs произведен 19xx год. последна ревизија 17-11-1964 год.
Должина 0.0 m, кочена тежина 19 t, максимална брзина до 80 km/h.
photoкликни на сликата за поголема фотографија
Bs 32733Bs 32733
Двоосовински патнички вагон од серија Bs произведен 19xx год. последна ревизија 05-08-1965 год.
Должина 7.50 m, кочена тежина 18 t, максимална брзина до 80 km/h.
photoкликни на сликата за поголема фотографија
UkUk
Двоосовински патнички вагон од серија Uk произведен 19xx год. последна ревизија 19-05-2005 год.
Должина 8.50 m, кочена тежина 19,2 t, максимална брзина до 80 km/h.
photoкликни на сликата за поголема фотографија
 
Владимир © 2008